TTControl робусен индустриски интерфејс за оператори
Извлечете го максимумот од Вашата задача во сурова работна средина преку одличен HD интерфејс за оператори кој ги прикажува Вашите податоци брзо и со висока резолуција без разлика колку е сложена ситуацијата.
Намалени трошоци и побрз развој на апликации
TTControl HY-eVision² индустрискиот интерфејс за оператори на возила ќе Ве импресионира со неговата висока резолуција и едноставен интерфејс за корисникот кој ефективно ќе го контролира секој Ваш процес. Можноста за програмирање во CODESYS 3.x развојната околина која нуди разни алатки за визуелизација и богата Dashboard Design Elements софтверска библиотека е причина повеќе за избор на TTControl HY-eVision² интерфејсот.
Индустрискиот интерфејс Ви помага побрзо да ги развиете Вашите апликации и да ги намалите Вашите трошоци, истовремено. Вие може да го инсталирате интерфејсот за оператори и во сложени апликации, како резултат на неговиот препорачан температурен опсег помеѓу -30 °C и +60 °C.
Искусете висок перформанс и флексибилност
TTControl HY-eVision² индустрискиот интерфејс за оператори нуди многу можности за градба на паметни и уникатни HMI интерфејси. Додека го инсталирате, не мора да се грижите за ориентацијата на екранот, т.е. дисплејот може да биде монтиран и вертикално и хоризонтално. Вие може да го монтирате било каде во кабината на возилото.
HMI дисплеите имаат интегриран сензор за амбиентална светлина кој Ви гарантира оптимална видливост во зависност од светлосните услови. Вие може лесно да менувате помеѓу дневен и ноќен режим.
Клучни предности
Сите интерфејси овозможуваат да прикажете слика-во-слика што е многу транспарентен метод за приказ до две камери при движење во рикверц. Индустрискиот интерфејс прикажува и PDF фајлови што овозможува да пренесувате податоци и да преземете апликации преку USB.
Модуларниот дизајн е достапен како поголема 10.4” варијанта со екран на допир и помала 7” варијанта. Помалата 7 ” варијанта може да биде опремена и со GPS/GSM или WLAN модул.
Други клучни предности
- Одлична видливост при сончева светлина
- Најдобар во својата класа CPU перформанс
- Робусен и едноставен за одржување
- До 4 CAN интерфејси (CAN open support)
- Овозможени мобилни, GPS, WLAN мрежи (опционално)
- Најсовремена графика (3D и ефекти за транспарентност)
- Интерфејс за Ethernet камера, директна конекција до 2 камери
- Претходно дизајнирани Dashboard Design елементи
- Програмирање и дебагирање во CODESYS 3.x развојна околина
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!