MQTT
Message Queuing Telemetry Transport
MQTT претставува водечки TCP/IP machine-to-machine/IoT комуникациски протокол за Индустрија 4.0, кој обезбедува податочна размена во рамки на мрежа од уреди. Ова е лесен open-source комуникациски модел врз основа на publish/subscribe принцип со брзо време на одѕив. Работата со MQTT протоколот е брза и едноставна. Тој претставува добар избор за уреди со мала големина и ниска енергетска потрошувачка. Неговите минимални режиски трошоци гарантираат фин податочен пренос со низок пропусен опсег.
“Publish/subscribe” комуникациски метод
Благодарение на едноставен publish/subscribe комуникациски метод, MQTT претставува интересен протокол за употреба во мобилни апликации во кои клучни се енергетска ефикасност и доверлив податочен пренос. publish/subscribe методот нуди алтернатива на традиционалниот HTTP клиент-сервер модел каде клиентот директно комуницира со крајната точка.
Разликата е во тоа што клиентот во publish/subscribe моделот не го извлекува податокот од серверот, туку ја прима пораката релевантна на содржината на која се претплатил од серверот. За комуникација потребна е доверлива TCP врска. Доколку истата е прекината, серверот може да складира податоци во податочен бафер, а кога врската ќе биде повторно воспоставена истите ќе ги прати до клиентите.
Податочен пренос управуван од настан
Централна комуникациска точка е т.н MQTT брокер кој комуницира со клиенти (издавачи и претплатници) преку Интернет врска или локална мрежа. Издавач создава пораки кои ги објавува во одредена содржина.
Податочен пренос управуван од настан значи дека податок е предаден кога се случила промена (или на временски интервали). Претплатник прима пораки релевантни на содржината на која е претплатен.
Како стандардна пракса, содржините треба да следат хиерархија која дозволува логичко групирање/уредување за мрежа од сензори.
Прочитајте најновите вести од Мрежна опрема
Компактен сензор за проток FS+ од Turck
Доверливи, робусни, издржливи, конфигурабилни, флексибилни FS+ сензори за проток со IO-Link. Погодни за Вашата апликација!
Turck сензори: Паметни решенија
Богато портфолио на робусни и прецизни Turck сензори. Сигурно ќе најдете идеално паметно решение за Индустрија 4.0 и IIoT.
Micro-Epsilon ласерски триангулациски сензор
optoNCDT 1900 гарантира оптимален перформанс за динамички и екстремно точни мерења, дури и кај сложени површини.
Photoneo 3D камера за машински вид MotionCam-3D
Стекнете предност со MotionCam-3D камера со највисока резолуција за зголемена ефикасност, и оптимизација на процеси во производство и склопување.
Бесконтактно мерење со 3D машински вид
Бесконтактно мерење со 3D машински вид овозможува брзо, точно, и повторливо мерење и контрола на објекти со разни форми и димензии.
Зголемена реалност со TeamViewer Frontline
Зголемена реалност во комбинација со носливи уреди ќе го поедностави и подобри перформансот на Вашите апликации преку компјутерска поддршка.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.














