MQTT
Message Queuing Telemetry Transport
MQTT претставува водечки TCP/IP machine-to-machine/IoT комуникациски протокол за Индустрија 4.0, кој обезбедува податочна размена во рамки на мрежа од уреди. Ова е лесен open-source комуникациски модел врз основа на publish/subscribe принцип со брзо време на одѕив. Работата со MQTT протоколот е брза и едноставна. Тој претставува добар избор за уреди со мала големина и ниска енергетска потрошувачка. Неговите минимални режиски трошоци гарантираат фин податочен пренос со низок пропусен опсег.
“Publish/subscribe” комуникациски метод
Благодарение на едноставен publish/subscribe комуникациски метод, MQTT претставува интересен протокол за употреба во мобилни апликации во кои клучни се енергетска ефикасност и доверлив податочен пренос. publish/subscribe методот нуди алтернатива на традиционалниот HTTP клиент-сервер модел каде клиентот директно комуницира со крајната точка.
Разликата е во тоа што клиентот во publish/subscribe моделот не го извлекува податокот од серверот, туку ја прима пораката релевантна на содржината на која се претплатил од серверот. За комуникација потребна е доверлива TCP врска. Доколку истата е прекината, серверот може да складира податоци во податочен бафер, а кога врската ќе биде повторно воспоставена истите ќе ги прати до клиентите.
Податочен пренос управуван од настан
Централна комуникациска точка е т.н MQTT брокер кој комуницира со клиенти (издавачи и претплатници) преку Интернет врска или локална мрежа. Издавач создава пораки кои ги објавува во одредена содржина.
Податочен пренос управуван од настан значи дека податок е предаден кога се случила промена (или на временски интервали). Претплатник прима пораки релевантни на содржината на која е претплатен.
Како стандардна пракса, содржините треба да следат хиерархија која дозволува логичко групирање/уредување за мрежа од сензори.
Прочитајте најновите вести од Мрежна опрема
Axiomtek индустриски fanless компјутер
Робусен тенок eBOX625-312-FL модел на четиријадрен индустриски компјутер за висок перформанс и енергетска ефикасност во апликации со просторни ограничувања.
Leuze Ex safety светлосна завеса
Сертификати за потенцијално експлозивни зони од група II, категорија 3, зона 2 (гас), и зона 22 (прав). MLC 520 Ex моделите се екстремно цврсти safety светлосни завеси од тип 4. Сите модели имаат метална заштита и флексибилен концепт на монтажа.
Clear Space технологија – за доверлива безжична мрежа
Гарантирана непречена WLAN комуникација, подобра латентност, доверливост, и брзина на пренос на комуникациски пакети!
Моќен индустриски PoE компјутер
Користете eBOX671-521-FL вградлив систем од Axiomtek со моќен GPU перформанс за апликации со машински вид.
Leuze safety светлосни завеси
Гарантирана максимална безбедност со компактните Leuze MLC светлосни завеси достапни во повеќе режими на работа, и типови.
Turck ултразвучни сензори RU-U серии – моќни и доверливи
Опфатен голем мерен опсег со помалку варијанти на сензори, и максимална компатибилност со претходни серии.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.














