MQTT
Message Queuing Telemetry Transport
MQTT претставува водечки TCP/IP machine-to-machine/IoT комуникациски протокол за Индустрија 4.0, кој обезбедува податочна размена во рамки на мрежа од уреди. Ова е лесен open-source комуникациски модел врз основа на publish/subscribe принцип со брзо време на одѕив. Работата со MQTT протоколот е брза и едноставна. Тој претставува добар избор за уреди со мала големина и ниска енергетска потрошувачка. Неговите минимални режиски трошоци гарантираат фин податочен пренос со низок пропусен опсег.
“Publish/subscribe” комуникациски метод
Благодарение на едноставен publish/subscribe комуникациски метод, MQTT претставува интересен протокол за употреба во мобилни апликации во кои клучни се енергетска ефикасност и доверлив податочен пренос. publish/subscribe методот нуди алтернатива на традиционалниот HTTP клиент-сервер модел каде клиентот директно комуницира со крајната точка.
Разликата е во тоа што клиентот во publish/subscribe моделот не го извлекува податокот од серверот, туку ја прима пораката релевантна на содржината на која се претплатил од серверот. За комуникација потребна е доверлива TCP врска. Доколку истата е прекината, серверот може да складира податоци во податочен бафер, а кога врската ќе биде повторно воспоставена истите ќе ги прати до клиентите.
Податочен пренос управуван од настан
Централна комуникациска точка е т.н MQTT брокер кој комуницира со клиенти (издавачи и претплатници) преку Интернет врска или локална мрежа. Издавач создава пораки кои ги објавува во одредена содржина.
Податочен пренос управуван од настан значи дека податок е предаден кога се случила промена (или на временски интервали). Претплатник прима пораки релевантни на содржината на која е претплатен.
Како стандардна пракса, содржините треба да следат хиерархија која дозволува логичко групирање/уредување за мрежа од сензори.
Прочитајте најновите вести од Мрежна опрема
Jazz PLC контролери со текстуален дисплеј
Jazz контролери дизајнирани за контрола на поедноставни задачи за автоматика и помали машини. Гарантираат економски исплатлива контрола.
ESCHA конектори и кабли за прехранбена индустрија
Хигиенски Escha конектори и кабли усогласени со EHEDG стандард. Најпогодни за инсталација во индустрија за храна и пијалоци.
Робусен DIN-шински вградлив компјутер – IoT Gateway решение
Axiomtek како врвен производител на индустриски компјутери Ви нуди ICO300-MI решение за робусен DIN-шински вградлив систем базиран на Intel® IoT gateway уред.
MEAN WELL напојување HEP серија
Првокласно AC/DC напојување специјално дизајнирано за "ниско ниво на шум додека работи во средини со големи количини на влажност, прав, масло, соленост, вибрации, или ултра ладни/жешки средини, средини со слаба вентилација, и на висока надморска височина”.
Моќен, тенок, и тивок индустриски компјутер
Axiomtek индустриски all-in-one компјутер со тенок 17" екран на допир со IP 65 заштита е идеален избор за апликации во сурови индустриски средини.
NAMUR сензори за безбедни Ex апликации
NAMUR сензори за потенцијално опасни зони. Благодарение на екстремно ниско количество на енергија за нивна работа идеален избор за безбедни Ex апликации.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.














