MQTT
Message Queuing Telemetry Transport
MQTT претставува водечки TCP/IP machine-to-machine/IoT комуникациски протокол за Индустрија 4.0, кој обезбедува податочна размена во рамки на мрежа од уреди. Ова е лесен open-source комуникациски модел врз основа на publish/subscribe принцип со брзо време на одѕив. Работата со MQTT протоколот е брза и едноставна. Тој претставува добар избор за уреди со мала големина и ниска енергетска потрошувачка. Неговите минимални режиски трошоци гарантираат фин податочен пренос со низок пропусен опсег.
“Publish/subscribe” комуникациски метод
Благодарение на едноставен publish/subscribe комуникациски метод, MQTT претставува интересен протокол за употреба во мобилни апликации во кои клучни се енергетска ефикасност и доверлив податочен пренос. publish/subscribe методот нуди алтернатива на традиционалниот HTTP клиент-сервер модел каде клиентот директно комуницира со крајната точка.
Разликата е во тоа што клиентот во publish/subscribe моделот не го извлекува податокот од серверот, туку ја прима пораката релевантна на содржината на која се претплатил од серверот. За комуникација потребна е доверлива TCP врска. Доколку истата е прекината, серверот може да складира податоци во податочен бафер, а кога врската ќе биде повторно воспоставена истите ќе ги прати до клиентите.
Податочен пренос управуван од настан
Централна комуникациска точка е т.н MQTT брокер кој комуницира со клиенти (издавачи и претплатници) преку Интернет врска или локална мрежа. Издавач создава пораки кои ги објавува во одредена содржина.
Податочен пренос управуван од настан значи дека податок е предаден кога се случила промена (или на временски интервали). Претплатник прима пораки релевантни на содржината на која е претплатен.
Како стандардна пракса, содржините треба да следат хиерархија која дозволува логичко групирање/уредување за мрежа од сензори.
Прочитајте најновите вести од Мрежна опрема
Turck индуктивен сензор за близина M8 серија
M8 серија на Turck индуктивни сензори за близина со феритно јадро Ви нуди неверојатен избор на варијанти и на зголемени прекинувачки растојанија.
CoDeSys програмабилен Turck контролер со IP67 заштита
Програмирајте го TBEN-PLC контролерот со IP67 заштита за контрола на модуларни уреди. Инсталирајте го надвор од Вашиот електро ормар.
Ethernet свичеви Spider III-PL за стабилен ProfiNet
Доверлив пренос на голема количина на податоци со SPIDER III индустриски свичеви од Hirschmann. Неверојатни карактеристики. Гарантирано максимално ефикасно производство.
Капацитивни сензори со IO-Link за лесна конфигурација
IO-Link капацитивни сензори од Turck за поедноставна конфигурација во посложени апликации. Зголемена доверливост преку предвидливо одржување.
EX safety прекинувачи Steute
Стекнете предност со EX safety прекинувачи за сурови средини. Гарантирана доверливост и издржливост на разни екстреми: прав, експлозија, корозија, вода, температури до -60 °C...
Моќни минијатурни индустриски компјутери
Ултракомпактен минијатурен eBOX560-5oo-FL вградлив систем од Axiomtek. Богат избор на I/O интерфејси. Најпогоден за Вашите IIoT апликации, машински вид, итн.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.














