MQTT
Message Queuing Telemetry Transport
MQTT претставува водечки TCP/IP machine-to-machine/IoT комуникациски протокол за Индустрија 4.0, кој обезбедува податочна размена во рамки на мрежа од уреди. Ова е лесен open-source комуникациски модел врз основа на publish/subscribe принцип со брзо време на одѕив. Работата со MQTT протоколот е брза и едноставна. Тој претставува добар избор за уреди со мала големина и ниска енергетска потрошувачка. Неговите минимални режиски трошоци гарантираат фин податочен пренос со низок пропусен опсег.
“Publish/subscribe” комуникациски метод
Благодарение на едноставен publish/subscribe комуникациски метод, MQTT претставува интересен протокол за употреба во мобилни апликации во кои клучни се енергетска ефикасност и доверлив податочен пренос. publish/subscribe методот нуди алтернатива на традиционалниот HTTP клиент-сервер модел каде клиентот директно комуницира со крајната точка.
Разликата е во тоа што клиентот во publish/subscribe моделот не го извлекува податокот од серверот, туку ја прима пораката релевантна на содржината на која се претплатил од серверот. За комуникација потребна е доверлива TCP врска. Доколку истата е прекината, серверот може да складира податоци во податочен бафер, а кога врската ќе биде повторно воспоставена истите ќе ги прати до клиентите.
Податочен пренос управуван од настан
Централна комуникациска точка е т.н MQTT брокер кој комуницира со клиенти (издавачи и претплатници) преку Интернет врска или локална мрежа. Издавач создава пораки кои ги објавува во одредена содржина.
Податочен пренос управуван од настан значи дека податок е предаден кога се случила промена (или на временски интервали). Претплатник прима пораки релевантни на содржината на која е претплатен.
Како стандардна пракса, содржините треба да следат хиерархија која дозволува логичко групирање/уредување за мрежа од сензори.
Прочитајте најновите вести од Мрежна опрема
Цилиндричен фотосензор за апликации со ограничен простор
Цилиндричен фотосензор 412B од Leuze за апликации со ограничен простор. Убедливо компактен и робусен тенок метален дизајн!
Ласерски скенер – бесконтактна контрола на квалитет
Ласерски скенер scanCONTROL за точна детекција, мерење, и евалуација на профили од разни површини кај голем број индустриски апликации.
Schmersal позициски прекинувачи PS серија
Позициски прекинувачи PS дизајнирани за поголема безбедност и заштита при работа со машини. Погодни за сите апликации!
Turck интерфејс IMX12-FI за Ex зони
Моќен и адаптабилен Turck фреквентен конвертер со глобални Ex одобренија за следење на брзина и броење на импулси до 20 kHz.
Leuze safety ласерски скенер RSL400, PROFIsafe комуникација
Safety ласерскиот скенер RSL400 овозможува брза и лесна интеграција во индустриска средина, и развој на решенија за најсложени апликации.
Vuzix паметни очила M300
Најмоќни паметни очила и Зголемена реалност за развој на најсовремени апликации за широк опсег на индустриски потреби.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.














