Leuze safety светлосни завеси
MLC серии на Leuze safety светлосни завеси сега и со повеќе карактеристики.
Гарантирана безбедност, достапност, и продуктивност
Германскиот производител Leuze произведува MLC safety светлосни завеси кои се разликуваат од другите светлосни завеси на пазарот. Корисникот може да избере и помеѓу тип 2 и тип 4 (MLC 500 или MLC 300), и помеѓу 3 различни режими на работа:
- Основен режим
- start/restart
- Стандарден режим
- start/restart (mediation)
- Напреден режим
- привремено дозволен пристап (muting)
- исклучени одредени светлински зраци (blanking)
- конекција со уред (linkage)
Хоризонтална или вертикална безбедност
Leuze safety светлосните завеси може да се монтираат вертикално за безбеден пристап, и за заштита на рацете и прстите. А може да се монтираат и хоризонтално за зонска заштита. Исполнуваат највисоки барања, и овозможуваат висока интеграција, достапност, и исплатливост.
Едноставниот компактен дизајн е важен за спомнување. Доказ е тенката цврста конструкција (29 x 35 mm), и бројните различни механизми за лесна инсталација.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!