Изберете етаблирани Eta производи на пазарот
По своето основање во 1978 година во Италија, компанијата Eta се здоби со повеќе од 40-годишно искуство во производство на челични лимови, нерѓосувачки челик, и преработен алуминиум. Се етаблираше како глобална референца на пазарот за електрични ормари без ожичување.
Eta е секогаш и секаде тука за Вас
Еta групацијата има производни погони на две локации во Италија – еден во Canzo за раните фази на производство, и втор во Albavilla за крајните фази. Tие имаат и центар за логистика во Италија.
Две нивни комерцијални подружници се лоцирани во Англија и Франција, а трета во Кипар (за пазарот на Блискиот Исток). Тие имаат обемна продажна мрежа низ Италија, и во повеќе од 40 држави ширум светот.
Искористете ги капацитетите на Eta
Во нивната лабораторија, нивните инженери можат да замислат, дизајнираат, и изградат нови иновативни производи и решенија. Исто така, таму можат да развијат проекти по мерка на нивните бизнис партнери. Во нивниот Центар за истражување и развој, тие можат да ги проучат Вашите потреби и секој дел од проектот може да се тестира, благодарение на производните системи целосно посветени на прототипови и тестови. Така, тие можат да изберат најефикасно и најефективно решение.
Исто така, тие имаат свој Оддел за квалитет и безбедност за да бидат во тек со сертификати, регулативи, и стандарди од својот сектор, и за да одговараат на прецизни и уникатни барања на пазарот, благодарение на посветена лабораторија опремена со сите потребни алати и опрема.

Погледнете зошто се Eta уникатни
Прочитајте ги најновите вести
Leuze брз колор сензор за детекција на контраст на ознаки
Екстремно лесно ракување, автоматско нагодување на сензитивност, и интегриран двоканален IO-Link интерфејс. Избор помеѓу 6 варијанти за решение по Ваша мерка.
Yaskawa фреквентен регулатор GA700 серија
Флексибилен и едноставен регулатор за зголемена продуктивност и енергетска ефикасност, а намалени целокупни трошоци.
Бесконтактен сензор за дебелина
Точен thicknessSENSOR модел од Micro-Epsilon наменет за бесконтактно мерење на дебелина на метали, пластика, и друг лимен материјал.
Подобри слики по пониска цена – acA1300
Basler камерата аcA1300-200um Ви нуди и одличен квалитет на слика и висока стапка на пренос на слика по одлична цена. Докажано со тест резултати.
Предаватели за притисок за широк спектар на апликации
Нова PT серија на предаватели за притисок за сложени апликации во машиноградба, потенцијално експлозивни опасни зони, или за питка вода.
SECOMEA далечински пристап – едноставен, брз, и доверлив
Обезбедете далечински пристап до сите индустриски уреди од каде и да сте. Највисоко ниво на сигурност! Конектирајте ги Вашите машини!
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.













