Хигиенски конектори и кабли
Специјалниот хигиенски дизајн усогласен со EHEDG насоки овозможува Escha конекторите и каблите особено погодно да се употребат во индустрија за храна и пијалоци. Овие компоненти по мерка може да издржат агресивни процеси на чистење додека обезбедуваат непречено производство.
Екстремно отпорни на агресивни агенси за чистење
Достапни се Escha M8 и M12 конектори и кабли со хигиенски дизајн. Ги исполнуваат EHEDG (European Hygienic Engineering & Design Group) насоките за дизајн на компоненти во индустрија за храна и пијалоци.
Исперливите M8 и M12 конектори имаат мазна површина која лесно се чисти. Нивниот дизајн не дозволува храната да се залепи на површината или да заостане во празнините. FDA-усогласените материјали гарантираат екстремна отпорност на кисели и алкални агенси за чистење и дезинфекција.
Богат асортиман
Прави или аголни M8 и M12 конектори со 3- или 4-пинови сега надополнети со LED конектори, 5-пински конектори, и 2 верзии на PVC кабел.
- PVC кабелот во P00 и P01 верзија служи како исплатлива алтернатива на поквалитетниот TPE кабел. Наменет за поедноставни апликации надвор од директната контакт зона, т.е млазна зона
- LED верзии на M8 (2 LED) и M12x1 (2 или 3 LED) конектори достапни во аголна верзија. LED конекторите се препорачани за уреди без сопствен индикатор, или за инсталација во тешко видливи места на машините
- 5-пински конектори се достапни само за M12 верзија
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!