Моќен DataMan 8600 баркод читач

DataMan 8600 баркод читачот од Cognex е најмоќен рачен читач на DPM баркодови. Неговата напредна технологија овозможува доверливо читање и на разновидни 1-D баркодови и на најсложени 2-D и DPM баркодови во најсурови индустриски средини. Бидете чекор пред Вашата конкуренција со неговата комбинација од висока брзина и висок перформанс.

Напредни технологии

DataMan 8600 серијата на баркод читачи се базира на обработка на снимена слика. Овој рачен DPM баркод читач е дизајниран за најсурови работни услови во најсурови индустриски средини.

Напредна технологија на течни леќи за автофокус, и патентирана UltraLight адаптивна технологија за илуминација се негови карактеристики.

Сакате да набавите наши опрема за Идентификација?

Декодирајте и најсложени DPM баркодови

DataMan 8600 серијата на баркод читачи е способна да декодира и најсложени DPM баркодови од различни површини.

Модуларниот дизајн, и жичаната или безжичната комуникација која поддржува индустриски Ethernet стандард ги исполнуваат сите Ваши барања.

Предности на DataMan 8600 серија

DataMan 8600/8600HDX сериите комбинираат најмоќни Cognex алгоритми: 2DMax со PowerGrid технологија и 1DMax+ со Hotbars технологија, за декодирање и на најсложени DPM баркодови во најсурови средини.

Тастерот за оптимално нагодување автоматски селектира најдобра параметризација (симболи, изложеност, фокус) за Вашата апликација.

DataMan 8600 апликација Cognex

Стекнете предност со напредни технологии

DPM баркодови

2DMax со PowerGrid

DataMan 8600 серијата вклучува најробусен и најнапреден Cognex алгоритам за доверливо читање на сложени 2-D баркодови, меѓу кои и баркодови без видлив периметар или со комплетно елиминиран шаблонски локатор/мртва зона.

1DMax+ со Hotbars

Cognex 1DMax+ алгоритамот со Hotbars технологија за анализа на слика овозможува екстремно ефикасно читање на тешко читливи или оштетени 1-D баркодови.

Богат избор на модули

DataMan 8600/8600HDX серијата има UltraLight технологија за супериорно форматирање на слика од било кој тип на ознака/површина со темно поле, светло поле, и дифузно осветлување. Сензорот и технологијата за течни леќи овозможуваат брзо и лесно декодирање и од блиску и од далеку.

Модулите за field комуникација поддржуваат жичани RS-232, USB, и Ethernet протоколи, но и безжични Bluetooth и Wi-Fi мрежи.

DataMan 8600 модуларно осветлување

Широк спектар на апликации

DataMan 8600 апликација Cognex

DataMan 8600 баркод читачот е идеален избор во широк спектар на апликации, меѓу кои:

  • Склопување на автомобили
  • Електроника
  • Инспекција на incoming парчиња
  • Испорака
  • Склопување на воздухопловни возила
  • Пакување

Додатоци за DataMan 8600 серија

  • Ethernet комуникациски модули поддржуваат индустриски протоколи: Ethernet/IP, PROFINET, MC protocol, Modbus TCP, TCP/IP, и FTP сериски комуникациски модули поддржуваат: RS-232, USB, PS/2 протоколи
  • Безжичен модул во комбинација со интелигентна базна станица (на сликата) поддржува RS-232, USB, и Ethernet (TCP/IP, FTP) конекција
  • Ѕидна преграда со специјално диазјниран држач за DATAMAN 8000 серија. Комплетот вклучува навртки и завртки за метална рамка
  • Држач со флексибилна основа и прилагодлива врата за оптимално позиционирање
  • Резервна батерија за безжичен модул до 8 часа континуирана работа
  • Ethernet кабел, 5 m.
  • Гумен ракав за употреба во корозивни средини
  • Мултиадаптер за истовремено полнење на неколку батерии
  • PS/2 адаптерот овозможува конекција преку PS/2 магистрала на компјутер
DataMan 8600 Cognex додатоци

Сакате да дознаете повеќе?

Barcode Reader DataMan 8600 Cognex

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news