Моќен рачен баркод читач
DataMan 8072DL покажува моќен перформанс за читање на сложени DPM баркодови кај мазни, рефлектирачки површини. Стекнете предност со неговата патентирана технологија, и напредно осветлување и оптика. Намалени трошоци, и контролирана следливост.
Лесно читајте 1D, 2D, и DPM кодови
Рачниот баркод читач DataMan 8072DL од Cognex е опремен со моќно осветлување, робусни градациски алгоритми, брз процесор, и камера со висока резолуција за градација на DPM баркод квалитет. Заедно со едноставен софтвер, овој баркод читач доставува детални резултати, повторно и повторно.
DataMan 8072DL чита 1-D, 2-D, и сложени DPM баркодови кои се ласерски изгравирани на мазни, рефлектирачки површини. Уредот е идеален за најсложени индустриски средини, особено во автомобилска-, фармацевтска индустрија, и електроника.
Инстант употреба
Со рачниот баркод читач DataMan 8072DL нема потреба од конфигурација или нагодување. Користете го веднаш – само насочете кон кодот и читајте. Кодовите може да ги читате од дистанца без да го поставите под агол кодот или делот.
Со два вградени поларизирани LED диоди, овозможува читање на кодот на мазни, рефлектирачки површини. Додатни неполаризирани LED диоди ја осветлуваат површината кога се чита кодот. За брзо читање на код, читачот има и две вградени зелени LED диоди за полесно таргетирање на код. Со сензор со висока резолуција и 200 mm читачко растојание, одличен е и за читање на големи DPM кодови.
Опремете го Вашиот процес за иднина
Друга карактеристика е неговата модуларност, што овозможува лесна надградба или редизајн на постоечки читачи. Уште една важна карактеристика е опцијата за замена на леќи и осветлување.
Комуникациските модули лесно се интегрираат во мрежата на фабрика, притоа дозволувајќи секој читач да биде конфигуриран според конкретни потреби. Достапни се модули за RS-232, USB, и Ethernet комуникација, или за безжична Bluetooth.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!