Фиксните Cognex ID читачи од DataMan 150/260 сериите овозможуваат исклучителен перформанс, флексибилност, и едноставна идентификација на линеарни 1D-, матрични печатени 2D со повисока густина-, и DPM баркодови.
Баркод читачи со напредни алгоритми и IP67 заштита
Фиксните Cognex баркод читачи од DataMan 150/260 сериите постигнуваат највисока стапка на читање благодарение на брз и моќен софтвер кој користи најнови Cognex алгоритми.
1DMax алгоритамот со HotBars II технологија декодира оштетени или лошо печатени 1D баркодови и со мали димензии до 0.8 PPM.
Карактеристики на DataMan 150/260 серии
2DMax алгоритамот овозможува доверлива идентификација на 2D баркодови независно од нивниот квалитет, метод на печатење, или површината на која е означен баркодот. Со помош на патентираната PowerGrid технологија може да лоцира и чита 2D баркодови со значително оштетени или комплетно елиминирани матрици.
Карактеристики:
- Висока стапка на читање
- Модуларни осветлување, оптика, и конфигурација
- Едноставна идентификација
- Без движечки делови
- Повратна врска за перформанс
Модели на DataMan 150/260 серии
QL модели
Моделите преку оптимизиран 1DMax алгоритам нудат best-in-class читање во сите насоки на 1D баркодови. Има опција QL моделите да бидат прилагодени на Q моделите.
S модели
Наменети за добро означени 1D и 2D баркодови на парчиња кои бавно или индексирано се движат.
Q модели
Модели со висок перформанс за читање на 1D и 2D баркодови означени на парчиња кои брзо се движат. Вклучуваат 1DMax алгоритам и технологии за брза идентификација.
X модели
Модели со висок перформанс за апликации со сложени 1D-, 2D-, и DPM баркодови. X моделите може да вклучат и патентирана PowerGrid технологија за баркодови без видлив периметар.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!