Индустриски Ethernet кабли ESCHA
Серијата “PROFINET Robotic” на индустриски Ethernet кабли од Escha оптимално комбинира карактеристики на флексибилно спирално усукување и на превиткување. Преку нивните динамички својства, тие се најдобар избор за апликации во роботика.
Кабли со висок перформанс за роботика
Индустриските Ethernet кабли сè повеќе се користат во автоматика како резултат на зголемена примена на колаборативни роботи. Во роботика, посебно внимание се посветува кон барања за кабли со капацитет на флексибилно спирално усукување и на превиткување.
Организацијата PNO издаде препорака за “PROFINET технологија за кабли и интерконекција” која предложува “Type R” стандард кој дефинира Profinet кабли за роботи. ESCHA одговори со серијата “PROFINET Robotic” на индустриски Ethernet кабли со висок перформанс. Серијата лесно издржува до 5 милиони циклуси на усукување и на превиткување.

Карактеристики на серија “PROFINET Robotic”

- Cat5e кабелски склоп за EIA/TIA-568 стандард
- До 100 MHz фреквенција
- 2 × 2 жици, со димензии AWG 22/19, Type R
- Превиткување: до 5 милиони циклуси на превиткувања, забрзување до 20 m/s2, растојание до 5 m (достапни се и верзии до 2 m, и до 10 m), и брзина до 300 m/min
- Спирално усукување: до 5 милиони циклуси, +/- 180 °/min
Индустриски Ethernet кабли за разни типови роботи

Роботи со 6-оски

SCARA роботи

Роботи со Декартов координатен систем
Богат асортиман
Серијата “PROFINET Robotic” има богата фамилија на сродни производи. ESCHA Ви нуди богат асортиман на Cat5e, Cat6, и Cat7 кабли за индустриски Ethernet со стандардизирани M12x1, M8x1, и RJ45 конектори. Достапни се машки и женски, заштитени или незаштитени, прави или аголни варијанти.
Нивното богато портфолио Ви овозможува да одговорите на Вашите најсложени апликации од индустриска автоматика.

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!