Schmersal прекинувачи PS серија
Позициски прекинувачи од Schmersal со модуларен дизајн може да се користат кај сите апликации со задолжителна висока безбедност и заштита при работа со машини.
Детектирајте позиција на движечки машински делови
Schmersal има долга традиција на производство на позициски прекинувачи кои се едни од нивните најпрепознатливи производи. По успешно воспоставената PS116 серија, компанијата сега продолжи со PS серија на позициски прекинувачи.
Тие Ви нудат две групи на позициски прекинувачи: PS2xx и PS3xx. Двете групи гарантираат висока безбедност и заштита при работа со машини, и тоа cat 1 според ISO 14119 стандардот за безбедност. Поради големи барања во стандардот, Вие доверливо го штитите процесот преку детекција на позиција на движечки машински делови со оваа заштитна опрема.
Користете ги во сурови средини

Достапни се во пластично или метално куќиште со IP66 или IP67 класа на заштита. Групата PS2xx има 30 x 30 mm напречен пресек на куќиште, а PS3xx групата – 40×40 mm. Достапна е и варијанта од втората група со 59mm куќиште.
Како и кај PS116 серијата на прекинувачи, Вие може лесно да го менувате типот на активатор, како и неговата ориентација за 45°.
Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!