Safety ласерски скенер со PROFIsafe/PROFINET комуникација
Safety ласерски скенер RSL 400 од Leuze со PROFIsafe/PROFINET комуникациски интерфејс и иновативни функции има голем скенирачки опсег и доверлива работа дури и во најсурови работни услови. Комбинација од супериорен перформанс, робусност, и лесно ракување за безбедно исполнување на Вашите задачи за кои претходно беа задолжителни два скенери!
Брза и лесна конфигурација
Safety ласерскиот скенер RSL400 поддржува PROFIsafe/PROFINET комуникациски интерфејс кој овозможува брза и лесна интеграција во модерна индустриска средина. Обезбедува паралелно следење на 4 заштитни зони, 100 конфигурабилни парови зони, и 10 независни safety конфигурации во реално време.
Благодарение на овие карактеристики, Вие може да развиете решение и за најсложени апликации. Достапен е и модел со пренос на мерно растојание и други податоци до екстерни уреди и навигациски систем на автоматско управувано возило (AGV).
Следете најголем опсег
Благодарение на неговиот висок 8.25 m мерен опсег и 270° скенирачки агол, RSL400 скенерот може да следи зони и до 160 m2 површина. Ова е најголем мерен работен опсег во индустријата.
Ако ја додадете опцијата за конфигурација на алармен опсег и до 20 m, тогаш добивате екстремно моќен уред погоден и за најсложени апликации.
Скенерот користи најнова ласерска технологија за да постигне највисока резолуција. Цел систем на примопредавање ротира и креира особено тесна и униформна ласерска површина низ цела скенирачка зона. Тоа обезбедува висока 0.1° аголна резолуција погодна за филтрирање на објекти кои се безбедни за работната средина, како на пр. прашина и честички во воздухот.
Скенер по мерка на Вашите сложени апликации
Сите карактеристики на скенерот Ви гарантираат поробусна работа дури и во средини со присутна прашина, додека доверливо детектира мали ситни објекти на големо растојание.
Скенерот нуди максимална флексибилност за да се адаптира на дадена апликација и со 200 заштитни зони кои може да бидат конфигурирани како парови или како групи од 4 зони. Може да го конфигурирате скенерот во реално време без да ја попречите безбедносната функција на уредот.
1 скенер, 2 независни уреди

Safety ласерскиот скенер може да следи и до 4 заштитни зони истовремено. Со неговите 2 паралелни безбедносни функции, уредот работи како два единици во едно, или како алтернатива за алармна зона може да обезбеди дополнителна заштитна зона.
Достапен е и модел кој мери растојание до пречката и јачина на рефлектиран сигнал. Овие податоци ги праќа до екстерен уред и AGV навигациски систем. Праќа податоци преку Ethenet интерфејс и UDP протокол.
Лесна конекција до секоја индустриска мрежа
Safety ласерскиот скенер со PROFIsafe/PROFINET комуникациски интерфејс и стандардизирана комуникација ја олеснува интеграцијата во модерни индустриски мрежи. Скенерот има отстранлива конекциска единица со интегриран 2-портен PROFINET свич и мемориска картичка. Тоа гарантира работа на мрежата и во моменти на замена на скенер.
Свичот поддржува “PROFINET Conformance Class C” и “Isochronous Real Time communication (IRT)”, што овозможува конфигурација на скенер во “прстенаста” или “ѕвезда” мрежна топологија. Робусноста на свичот е загарантирана со стандардизиран индустриски M12 или AIDA конектор.

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!