R.T.A. чекорни мотори RH серија
Треба да развиете индустриска апликација и Ви треба решение за ротирање, позиционирање или друг вид на движење? Ви треба робусен и едноставен чекорен мотор? Ние имаме оптимално решение за Вас. RH серија на индустриски чекорни мотори од R.T.A. srl се вистински избор за сите индустриски средини!
Предности на RH серија
- Ниска вибрација
- Заштеда на простор: RH чекорниот мотор е помал дури и од стандардни мотори со ист вртлив момент
- Робусно куќиште за доверлива работа
- Ниска фазна струја (само 1 A)
- Ниско загревање
- Отпорност на прашина: IP40 класа на заштита

Разни модели за различни апликации

Моторни драјвови A-CSD и A-NDC серии
За да постигнете посакувана ротација на Вашиот чекорен мотор, Вие може да користите A-CSD или A-NDC серии на моторни драјвови. Со нив, Вие ќе го вклучувате и исклучувате Вашиот чекорен мотор преку тригерирање на импулси и сигнал за насока.
Клучни предности:
- Микрочекори за тивка работа на Вашиот уред, со ниски вибрации
- A-NDC драјв со 12,800 чекори/rpm, за висока доверливост

RH серија со енкодер

Сите индустриски чекорни мотори од RH серија се достапни и со вграден енкодер во посебна преграда.
Инкременталните енкодери имаат резолуција 400 cpr или 4000 cpr, и може да имаат или немаат сигнал за индексирање.
Енкодерот овозможува повратна информација за контрола на тековна позиција на Вашиот чекорен мотор.
Овие мотори имаат и M12 и JST конектори за лесна конекција.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

















