TBEC за брзи RFID апликации
TBEC модулот од Turck е компактен RFID I/O интерфејс за EtherCat. Совршено решение за апликации со RFID тагови кои брзо се движат, што овозможува да конектирате до 128 read/write глави. Стекнете предност со неговата брзина, робусност, висока IP67 / IP69K класа на заштита. Користете го и во најсложени индустриски апликации. Заштедете пари и време.
Модул за брзи и флексибилни апликации
Turck, врвен производител на сензори и контролна опрема за автоматика, го додаде TBEC модулот во своето портфолио на робусни и компактни RFID производи како брз интерфејс за EtherCAT мрежи. Овој робусен и брз модул во пластично куќиште има IP67/IP69K класа на заштита.
Работи на температура во опсег од -40 ° C до +70 ° C. HF или UHF read/write глави може да работат во исто време. Имајте бенефит од единствена конекција и интеграционен метод, поедноставни апликации со различен пропусен опсег, и намалена потреба за инвентар.
Заштедете пари и труд
Новиот TBEC интерфејс за Ethercat ги има следните предности:
- прифатливост, може да конектирате до 128 read/write глави во еден модул
- лесна конекција и инсталација
- флексибилна употреба во различни апликации
- режим за континуирана HF магистрала до 32 HF read/write глави по канал
- комбинирана работа на HF и UHF read/write глави
- IP65/IP67/IP69K класа на заштита
- U податочен интерфејс за RFID функционалност
Помал труд за пуштање во работа
Како и другите Turck мултипротоколарни модули (ProfiNet, Ethernet IP, Modbus TCP), така и TBEC поддржува режим за континуирана HF магистрала, што овозможува до 32 HF read/write глави по канал. Тоа го намалува Вашиот труд за ожичување, трошоци и време за пуштање во работа кај апликации со многу write/read позиции.
Додатни сензори, осветлување, и други актуатори може да се конектираат на 8-те универзални DXP I /O терминали. Сите терминали се погодни за 5-жилни M12 машки конектори, а и напојувањето (L-кодирано) е погодно за докажаната M12 технологија.
Идеален за многу брзи RFID апликации
TBEC е идеален за Вашите најбрзи RFID апликации. Може да се користи во многу апликации, меѓу кои градежна, автомобилска, и логистичка индустрија.
Благодарение на интегрираниот RFID U-податочен интерфејс со брз цикличен податочен пренос, може брзо и лесно да пристапите до HF и UHF функциите (на пр.: Idle режим). EtherCat модулот е идеален избор за Вашата апликација со RFID тагови, како на пр.: ракување со материјали.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!