Решенија за Интернет на Нешта
Решенијата за Интернет на Нешта (IoT) ќе Ви дозволат да прибирате, разменувате, и анализирате податоци од мрежа на уреди кои се дел од Вашето производство или околу светот. Вие може да го преобразите речиси секој физички објект кој може да биде поврзан на Интернет, во IoT уред. Експертите од Типтех освен докажано знаење и искуство во IoT домен, имаат и врвна опрема која ќе Ви помогне да се потпрете на далечински пристап и прибирање на податоци со цел да стекнете конкурентна предност и зголемен поврат на Вашите вложени средства.
Ваша предност со наше искуство во IIoT домен
Предноста со применети IoT апликации во Вашиот бизнис зависи од типот на примена, но ефикасноста и агилноста се земени во предвид пред сè. Секоја компанија со подобар пристап до обемни податоци од сопствени производи и внатрешни системи, стекнува поголема способност да имплементира промени.
Ние во Типтех препознаваме 3 важни апликативни сценарија кои се моментално најпривлечни:
- Далечински пристап и Следливост за цели на контрола и одржување
- Интерконекција за трајна врска до неколку локации од единствен извор
- Прибирање на податоци од машини со цел оптимизација и предвидување на дефекти

Типтех решенија за Далечински пристап и Следливост
Со нашите решенија за индустриски Далечински пристап, ние може да Ви помогнеме да остварите врска до Вашите машини и опрема независно од Вашата локација. На овој начин, Вие може да гледате и управувате со интерфејси, да откриете проблеми со Вашата опрема, и да инсталирате ажурирања.
Вашите машини стануваат пристапни до Вас со цел далечинско корективно одржување од било кое место на светот, а притоа без посета на објектот, која може да Ве чини време и пари. Нашето решение за Далечински пристап е основано единствено врз софтвери сертифицирани за безбедност во кои сигурноста е приоритет број 1. Дополнително, има способност за скалирање и едноставен е за распоредување така што може да биде наменет и за неквалификувани IT корисници.
Вашите OT и IT оддели имаат целосна контрола над сигурноста
Серверот за централизиран менаџмент на пристап ќе Ви овозможи:
- Далечинска контрола на пристап до единечен уред или канал
- Временски-ограничен далечински пристап од надворешни техничари
- Целосна ревизија на серија од сите настани и сесии од далечински пристапи
- Домен структури со видливост на инфраструктурни хиерархии
- Контрола на идентитет со употреба на 2FA во комбинација со AD интеграција по Ваш избор
- Карактеристики за аларми и најавувања
Едноставна конекција до секој систем
Вашите Оддели за автоматика и одржување ќе ценат едноставно поставување и беспрекорен далечински пристап до машина со неколку можности за конекција до PLC, HMI, и други индустриски системи:
- Автоматска детекција на уред (PLC, HMI, итн.)
- Едноставнo поставување на индустриски IoT gateway преку USB мемориски уред
- Далечински пристап до Ethernet (Ниво 2 и 3), USB, и сериски уреди
- Автоматска инсталација на Windows клиент при прва конекција
- Конекција за далечински пристап до VNC сервер од сите веб прелистувачи
Типтех решенија за Интерконекција
Честопати постојат барања за трајна конекција до дистрибуирани индустриски далечински уреди од централен записнички (log) сервер или SCADA систем. Ние во Типтех нудиме неколку решенија кои се обидуваат да задоволат технички и комерцијални очекувања на наши клиенти.
Нашите решенија се основани врз индустриски рутери од Teltonika преку употреба на традиционални VPN решенија, или врз индустриски gateways од Secomea преку употреба на LogTunnel услуги. Во двата случаи, ние нудиме сеопфатна услуга и поддршка, од планирање на топологија до точка каде Вие имате гарантирано стабилна и сигурна конекција помеѓу централна локација и далечински локации.
Предности на решенијата за Интерконекција

Типтех решенија за Прибирање на податоци од машина
Прибирање на податоци од машина претставува најефикасен начин за машинските инженери и производители да го зголемат работното време на машината, и да заштедат трошоци. Секој податок Ви обезбедува вреден поглед во тековна статистика за преформанс на машина.
На овој начин, со сигурност постои следење во реално време и надзор над состојба на машина, статус на производство, и засилено носење на одлуки врз основа на анализа на изминати податоци. Врз основа на податоци од машина, операторите на машини и вработените во одржување се подобро опремени со цел да носат информирани одлуки и да генерираат точни предвидувања.
Предности со Прибирање на податоци од машина
- Превенција на проблеми преку избран надзор над опрема
- Зголемено пропусно време преку идентификација на преоптовареност (bottleneck)
- Подобар квалитет преку надзор над девијација на податоци од сензори
- Оптимизација на ефикасноста од ресурси преку визуелизација на работен статус
- Спроведена усогласеност преку задржување на податоци од производство и настани
- Пораст на вкупната ефикасност (OEE) преку погоренаведените предности кои конечно водат кон намалени трошоци
Ви треба целосна услуга при Прибирање на податоци?
Типтех има улога на “едно-шалтерски” (one-stop) извор на решенија за Прибирање на податоци, т.е ние обезбедуваме и софтверски решенија, и врвен хардвер, и поддршка. Наша почетна точка претставува темелен разговор со клиентот пропратен со анализа на случајот со цел да ја земеме во предвид генералната идеја за потребите на клиентот. Соодветно, ние создаваме наши решенија за Прибирање на податоци од машина по мерка на потребите на клиентот.
Заедно, ние избираме оптимален IoT хардвер и го распоредуваме решението до производниот објект на клиентот или конкретната машина. Во фаза на производство, ние обезбедуваме помош и техничка поддршка со согласност за индивидуално ниво на услуга со цел сигурен успех на нашиот клиент.

Прочитајте најновите вести
Teltonika – Вашиот клуч за Интернет на Нешта (IoT)
Teltonika Ви нуди голем избор на рутери, модеми, gateway уреди, и IoT платформи за автоматизација. Дозволете им да Ви го олеснат животот!
Индустриски интерферометар за точни бесконтактни мерења
Индустриски интерферометар со бела светлина од Micro Epsilon. Бесконтактно мерете минимално растојание и дебелина.
Basler Boost CXP камери: 20/30/45 MP HD резолуција
Basler boost серија на камери за апликации со висока резолуција, голема брзина, и висока точност со големо видно поле.
Радарски сензор за ниво со IO-Link од Turck
LRS510 радарски сензор за ниво точно и доверливо мери ниво и волумен на лабави и течни медиуми дури и во сложени апликации!
Енергетски ефикасен LED драјв MEAN WELL
Најсовремен AC/DC LED драјв за ефикасна контрола на сите видови на LED ленти. Заштита од здравствени ризици поради LED треперење.
Leuze вилушкасти сензори за доверлива детекција на сите етикети
Leuze вилушкасти сензори имаат висока оперативна доверливост. Прв комбиниран сензор во светот GSX14E за детекција на секакви етикети, па дури и "BOPP"!
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.












