Решенија за Интернет на Нешта

Решенијата за Интернет на Нешта (IoT) ќе Ви дозволат да прибирате, разменувате, и анализирате податоци од мрежа на уреди кои се дел од Вашето производство или околу светот. Вие може да го преобразите речиси секој физички објект кој може да биде поврзан на Интернет, во IoT уред. Експертите од Типтех освен докажано знаење и искуство во IoT домен, имаат и врвна опрема која ќе Ви помогне да се потпрете на далечински пристап и прибирање на податоци со цел да стекнете конкурентна предност и зголемен поврат на Вашите вложени средства.

Ви треба помош? Дозволете да Ви помогнеме.

Ваша предност со наше искуство во IIoT домен

Предноста со применети IoT апликации во Вашиот бизнис зависи од типот на примена, но ефикасноста и агилноста се земени во предвид пред сè. Секоја компанија со подобар пристап до обемни податоци од сопствени производи и внатрешни системи, стекнува поголема способност да имплементира промени.

Ние во Типтех препознаваме 3 важни апликативни сценарија кои се моментално најпривлечни:

  • Далечински пристап и Следливост за цели на контрола и одржување
  • Интерконекција за трајна врска до неколку локации од единствен извор
  • Прибирање на податоци од машини со цел оптимизација и предвидување на дефекти
Решенија за Интернет на Нешта

Сакате да набавите наши опрема?

Типтех решенија за Далечински пристап и Следливост

Со нашите решенија за индустриски Далечински пристап, ние може да Ви помогнеме да остварите врска до Вашите машини и опрема независно од Вашата локација. На овој начин, Вие може да гледате и управувате со интерфејси, да откриете проблеми со Вашата опрема, и да инсталирате ажурирања.

Вашите машини стануваат пристапни до Вас со цел далечинско корективно одржување од било кое место на светот, а притоа без посета на објектот, која може да Ве чини време и пари. Нашето решение за Далечински пристап е основано единствено врз софтвери сертифицирани за безбедност во кои сигурноста е приоритет број 1. Дополнително, има способност за скалирање и едноставен е за распоредување така што може да биде наменет и за неквалификувани IT корисници.

Вашите OT и IT оддели имаат целосна контрола над сигурноста

Серверот за централизиран менаџмент на пристап ќе Ви овозможи:

  • Далечинска контрола на пристап до единечен уред или канал
  • Временски-ограничен далечински пристап од надворешни техничари
  • Целосна ревизија на серија од сите настани и сесии од далечински пристапи
  • Домен структури со видливост на инфраструктурни хиерархии
  • Контрола на идентитет со употреба на 2FA во комбинација со AD интеграција по Ваш избор
  • Карактеристики за аларми и најавувања
  • Интуитивни кориснички интерфејси кои овозможуваат точна и сигурна секојдневна работа на машина
  • Корисничка сметка на Secomea GateManager Cloud сервер, или SaaS согласност со сопствен Secomea GateManager, или сопствен податочен cloud центар

Едноставна конекција до секој систем

Вашите Оддели за автоматика и одржување ќе ценат едноставно поставување и беспрекорен далечински пристап до машина со неколку можности за конекција до PLC, HMI, и други индустриски системи:

  • Автоматска детекција на уред (PLC, HMI, итн.)
  • Едноставнo поставување на индустриски IoT gateway преку USB мемориски уред
  • Далечински пристап до Ethernet (Ниво 2 и 3), USB, и сериски уреди
  • Автоматска инсталација на Windows клиент при прва конекција
  • Конекција за далечински пристап до VNC сервер од сите веб прелистувачи
  • Далечински SCADA/MES пристап до сите уреди конкурентно, по Ваш избор
  • Индустриски IoT Gateways достапни и како хардвер и како софтвер
  • Неколку методи за конекција на индустриски IoT Gateways: WiFi, 4G, и локална мрежа

Типтех решенија за Интерконекција

Честопати постојат барања за трајна конекција до дистрибуирани индустриски далечински уреди од централен записнички (log) сервер или SCADA систем. Ние во Типтех нудиме неколку решенија кои се обидуваат да задоволат технички и комерцијални очекувања на наши клиенти.

Нашите решенија се основани врз индустриски рутери од Teltonika преку употреба на традиционални VPN решенија, или врз индустриски gateways од Secomea преку употреба на LogTunnel услуги. Во двата случаи, ние нудиме сеопфатна услуга и поддршка, од планирање на топологија до точка каде Вие имате гарантирано стабилна и сигурна конекција помеѓу централна локација и далечински локации.

Предности на решенијата за Интерконекција

Поставување преку едноставен drag’n’drop метод во централен GateManager gateway. Притоа, нема потреба од рутирање, firewall, и tunnel конфигурација.

Пристап за најавување и програмирање кој е конкурентно и независно поддржан еден од друг.

Без јавни адреси приложени на Интернет. Мастер и клиент уреди инсталирани позади Вашиот корпоративен firewall систем.

Овозможена е независност од статички IP адреси. Мастер и клиент уреди кои може да имаат динамички доделени IP адреси.

Отстранет проблем со конфликтни IP подмрежи од страна на далечински објекти, кој претставува чест проблем кај решенија основани врз VPN (централен објект може да има иста подмрежа како далечински објект).

Едноставно поставување на насоки за запишување (Pull и/или Push), и IP/port ограничувања со цел да се одржи високо ниво на сигурност.

LogTunnel овозможува целосно податочно тунелирање со оптимална слобода каде повеќе решенија за non-VPN записи се потпираат на претходно дефинирани вредности кои треба да бидат прибрани и доставени (web post).

Преку хардверски SiteManagers, LogTunnel може да пристапи до уреди и од страна на SiteManager Uplink и од страна на DEV. Вообичаено, VPN решенијата единствено би дозволиле пристап до DEV страна (LAN интерфејс).

Типтех решенија за Прибирање на податоци од машина

Прибирање на податоци од машина претставува најефикасен начин за машинските инженери и производители да го зголемат работното време на машината, и да заштедат трошоци. Секој податок Ви обезбедува вреден поглед во тековна статистика за преформанс на машина.

На овој начин, со сигурност постои следење во реално време и надзор над состојба на машина, статус на производство, и засилено носење на одлуки врз основа на анализа на изминати податоци. Врз основа на податоци од машина, операторите на машини и вработените во одржување се подобро опремени со цел да носат информирани одлуки и да генерираат точни предвидувања.

Предности со Прибирање на податоци од машина

  • Превенција на проблеми преку избран надзор над опрема
  • Зголемено пропусно време преку идентификација на преоптовареност (bottleneck)
  • Подобар квалитет преку надзор над девијација на податоци од сензори
  • Оптимизација на ефикасноста од ресурси преку визуелизација на работен статус
  • Спроведена усогласеност преку задржување на податоци од производство и настани
  • Пораст на вкупната ефикасност (OEE) преку погоренаведените предности кои конечно водат кон намалени трошоци

Ви треба целосна услуга при Прибирање на податоци?

Типтех има улога на “едно-шалтерски” (one-stop) извор на решенија за Прибирање на податоци, т.е ние обезбедуваме и софтверски решенија, и врвен хардвер, и поддршка. Наша почетна точка претставува темелен разговор со клиентот пропратен со анализа на случајот со цел да ја земеме во предвид генералната идеја за потребите на клиентот. Соодветно, ние создаваме наши решенија за Прибирање на податоци од машина по мерка на потребите на клиентот.

Заедно, ние избираме оптимален IoT хардвер и го распоредуваме решението до производниот објект на клиентот или конкретната машина. Во фаза на производство, ние обезбедуваме помош и техничка поддршка со согласност за индивидуално ниво на услуга со цел сигурен успех на нашиот клиент.

Решенија за Интернет на Нешта

Прочитајте најновите вести

  • Unitronics PLC training

Unitronics бесплатна PLC обука

Бесплатна обука организирана од Типтех д.о.о. Научете како да користите програмерска околина за Unitronics PLC контролери. Заштедете време, пари, и особено нерви!

Претплатете се на нашиот весник!

Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.