PLC контролер и екран на допир
UniStream контролерот и екранот на допир се вредни за Вашето внимание, затоа што Ви овозможуваат едноставна контрола дури и во апликации со ограничен простор.
И за сложени апликации со ограничен простор
Unistream контролерот и екранот на допир се иновација на Unitronics, кој креира напредни технички решенија во областа на автоматика. Така Вие може да имплементирате едноставна контрола во Вашата нова апликација или да ја надградите веќе постоечката.
Транспарентен дисплеј и можноста за далечинска контрола и приказ на различни уреди се дел од решенијата кои овојпат ги претставуваме. Веруваме дека подобрениот UniStream контролер и поголемиот Unitronics екран на допир се вредни да Ви ги претставиме!
Изберете поголем и подобар PLC
UniStream контролерот со 10.1” екран на допир има подобра резолуција. Достапен е во различни варијанти со вградени или модуларни I/O единици. На така голем екран, Вие може да прикажете неколку динамички елементи во исто време, што овозможува поефикасен приказ на работата на Вашиот уред.
Изберете стандарден B5 модел за Вашата самостојна апликација, а ако Ви требаат повеќе опции за конекција со напредни протоколи, тогаш изберете Про варијанта од B10 модел. И двата модели ќе Ве воодушеват со поддршка за различни комуникациски протоколи меѓу кои MQTT, VNC, FTP, SNMP, e-пошта, и SMS.
Исполнете различни барања
- висококвалитетен колор екран на допир, големина 10.1”, резолуција 1024 × 600 пиксели
- моќен CPU кој може да биде проширен со додатни 2048 I/O сигнали
- веќе вградени комуникациски интерфејси, како Ethernet, USB
- дополнителни комуникациски интерфејси, како CANbus, RS232, и RS485, за конекција со други уреди
До 50% намалено време за развој
UniLogic софтвер дизајниран за програмирање на UniStream контролери Ви овозможува едноставна градба на Вашата апликација. Неколку предности се веќе креирани ladder блокови, дисплеи, веб-страници, и програмски променливи (т.н. тагови), кои Ви заштедуваат време за развој на Вашата апликација. Интегрирани се сите неопходни модули за брза и ефикасна работа, и тоа:
- Алатка за развој на Ladder логика
- Алатка за дизајн на дисплеј и веб-страници
- Модул за конфигурација на хардвер
- Модул за поставка на комуникација, …
Немате простор за PLC? Користете екран на допир!
Гарантиран доверлив и транспарентен приказ на Вашата апликација со UniStream контролер. Достапни се два нови 10.1” и 15.6” Unitronics екрани на допир. Новите екрани се наменети за приказ на апликации од UniStream контролери со виртуелен HMI, за кои веќе пишувавме на Типтех веб-страницата.
Се разбира дека можете далечински да ги следите и менаџирате апликациите создадени на друга UniStream серија со екран. Достапни се и два помали 5” и 7” екрани, кои се првично наменети за помали и поедноставни апликации.
Следете ги Вашите машини и уреди
А каде може да ги искористите овие екрани? Тие се најкорисни за следење на машини и уреди:
- кои немаат едноставен пристап
- имаат неколку контролни точки
- инсталирани се во сложени средини
- нивната работа ја следат неколку оператори
- и слични ситуации
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!