OPC UA стандард
Open Platform Communications United Architecture
OPC UA или OLE UA за контрола на процеси претставува отворен стандард за комуникација во индустриска автоматика. Целта на OPC UA е да поврзе повисоки нивоа на софтверски системи со пониски нивоа.
Системи од повисоки нивоа се: HMI екрани, SCADA или MES и ERP системи, додека под системи од пониски нивоа припаѓаат: PLC и DCS. Овој стандард е основан врз TCP/IP протокол и комбинира OLE и DCOM технологии.
Компатибилност и приспособливост

OPC UA е архитектура независна од платформа, која била создадена како резултат на потреба за компатибилност и приспособливост во разни проекти и апликации. OPC UA, за разлика од OPC, не е основана врз OLE и DCOM технологии на Microsoft, така што може да биде проширена на други платформи како OS X, Linux (JAVA), и Android.
OPC UA претставува безбеден и доверлив стандард кој одредува комуникација помеѓу уреди (M2M), и помеѓу машини и IT и OT системи. Основан е врз клиент-сервер концепт, каде сервер е апликација која доставува податоци до други апликации, а клиент – апликација која бара и добива податоци. Во пракса, програмерите се стремат да направат апликации кои се истовремено и сервер и клиенти.
Независна OPC UA архитектура
OLE UA за Контрола на процеси обезбедува Услужно Ориентирана Архитектура (на анг.: Service Oriented Architecture – SOA) која е основана врз различни логички нивоа. Сите основни услуги претставуваат апстрактни описи на метод кои се протоколарно независни.
Тие се основа на UA функционалност на OPC стандардот. Основни елементи на UA функционалноста се транспортен механизам и архитектура на стандард.
Прочитајте најновите вести од Мрежна опрема
Benedict електронски тајмер
Benedict модел на електронски тајмер K3-T180 240 со 5 селективни оперативни функции и 4 селективни временски интервали за секој работен напон 24-240 V AC/DC.
Micro-Epsilon ласерски скенер со сина светлина
Ласерски скенер со сина светлина scanCONTROL за доверливо мерење на профил на метали при термичка радијација, и на транспарентни и органски површини.
ATEX ултразвучни сензори со IO-Link
Доверливи RUU/3GD ултразвучни сензори за Ex зони 2 и 22. Идеален избор во апликации за мерење на ниво во резервоари.
Unitronics PLC контролери Samba и Jazz серии
Наградувана Samba серија и high-speed Jazz серија на PLC контролери од Unitronics достапни за интуитивна контрола на процеси.
Time of Flight камера за 2D и 3D податоци
Basler ToF камерата Ви нуди атрактивно решение за широк спектар на апликации, меѓу кои: логистика, автоматика, и биометрија. Лесно се интегрира и се користи.
Benedict нисконапонски прекинувачи
Benedict нисконапонски прекинувачи дизајнирани по највисоки технички стандарди за гарантирано најдобри перформанси.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.













