MQTT
Message Queuing Telemetry Transport
MQTT претставува водечки TCP/IP machine-to-machine/IoT комуникациски протокол за Индустрија 4.0, кој обезбедува податочна размена во рамки на мрежа од уреди. Ова е лесен open-source комуникациски модел врз основа на publish/subscribe принцип со брзо време на одѕив. Работата со MQTT протоколот е брза и едноставна. Тој претставува добар избор за уреди со мала големина и ниска енергетска потрошувачка. Неговите минимални режиски трошоци гарантираат фин податочен пренос со низок пропусен опсег.
“Publish/subscribe” комуникациски метод
Благодарение на едноставен publish/subscribe комуникациски метод, MQTT претставува интересен протокол за употреба во мобилни апликации во кои клучни се енергетска ефикасност и доверлив податочен пренос. publish/subscribe методот нуди алтернатива на традиционалниот HTTP клиент-сервер модел каде клиентот директно комуницира со крајната точка.
Разликата е во тоа што клиентот во publish/subscribe моделот не го извлекува податокот од серверот, туку ја прима пораката релевантна на содржината на која се претплатил од серверот. За комуникација потребна е доверлива TCP врска. Доколку истата е прекината, серверот може да складира податоци во податочен бафер, а кога врската ќе биде повторно воспоставена истите ќе ги прати до клиентите.
Податочен пренос управуван од настан
Централна комуникациска точка е т.н MQTT брокер кој комуницира со клиенти (издавачи и претплатници) преку Интернет врска или локална мрежа. Издавач создава пораки кои ги објавува во одредена содржина.
Податочен пренос управуван од настан значи дека податок е предаден кога се случила промена (или на временски интервали). Претплатник прима пораки релевантни на содржината на која е претплатен.
Како стандардна пракса, содржините треба да следат хиерархија која дозволува логичко групирање/уредување за мрежа од сензори.
Прочитајте најновите вести од Мрежна опрема
Basler индустриска камера – доверлив и робусен избор
Basler индустриските камери се гаранција за врвен перформанс и одличен сооднос цена/перформанс. Богат избор на мрежни камери, камери за скенирање на зона или на линија.
Cognex камера In-Sight 7000 серија
Компактна камера за стандардни или сложени апликации. Брза и точна инспекција во сите индустрии. Инсталација и на ограничен простор. Богат избор на модели.
MEAN WELL прекинувачко напојување
Доверливост, услужливост, издржливост, и исплатливост се карактеристики на висококвалитетното MEAN WELL прекинувачко напојување.
MEAN WELL напојувања NDR серија DIN шини
Верзија на напојувања со прекинувачки регулатор од DR серија специјално дизајнирани за индустриска средина. Тенко метално стандардно куќиште за монтажа на DIN шини и заштеда на простор.
Auer Signal сигнални светилки и сигнални кули
Стандардната понуда на висококвалитетни светилки и сигнални кули вклучува и EX модели на светлосни сигнални уреди. Може да ги монтирате на Вашата машина, производна постројка, или разводен ормар.
Cognex баркод читач DataMan 360 серија
DataMan 360 серија за највисока стапка на читање на 1D и 2D кодови, најфлексибилна оптика и осветлување, интелигентно нагодување, и експресна поставка.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.














