Безбедност на работно место
Безбедноста на работно место е една од главните одговорности на секој работодавец. Како работодавец, Вие мора едноставно да одржувате безбедна и здрава работна средина.
Типтех има големо знаење и искуство, и врвни компоненти за безбедност кои помагаат Вашата компанија да минимизира незгоди и изгубени работни часови на Вашите вработени, и да одржи високо ниво на продуктивност, зголемена профитабилност, и намалена одговорност.
Заедно до подобра безбедност на Вашето работно место
Автоматизација, дигитализација, и роботика како брзи технолошки промени водат кон значајни промени во работна средина, организација, и потребни вештини. Построги работни услови најчесто бараат нова рефлексија и променет пристап за да гарантираат безбедно работно место.
Ние во Типтех ја препознаваме важноста на безбедно работно место, и ние им помагаме на нашите партнери да развијат безбедни решенија и подобри професионални безбедносни вештини. Одредени наши инженери кои положија испит во TÜV Rheinland поседуваат сертификат за Инженери за функционална безбедност (TÜV Rheinland).
Наше практично знаење и искуство – Ваша безбедност
Во Типтех, Вие може да добиете најдобри производи за безбедност на машини кои се достапни на пазарот, проследено со наши стручни совети за заштита на Вашите машини без загуба на нивната ергономија, и подобра безбедност на работно место.
Ние ќе Ви помогнеме да го одредите бараното ниво за безбедност на Вашите машини според EN ISO 13849-1:2015 или EN/IEC 62061 стандарди со цел да ги задоволите барањата од Директивата за машинерија (Machinery Directive – MD).
Доколку Нивото за интегритет на безбедност (Safety Integrity Level – SIL) или Нивото за перформанс (на анг.: Performance Level – PL) за Вашите машини се познати, ние ќе Ви помогнеме да ги дизајнирате Вашите индустриски контролни системи за безбедност врз основа на “Основни принципи за безбедност”, “Докажани принципи за безбедност”, и “Докажани компоненти за безбедност”.
Намалете ги ризиците пред имплементација
Нашите инженери ќе Ви помогнат да ја комплетирате Проценката на ризик пред да воведете нови процеси или активности, и да спроведете намален ризик. Искористете го нашето богато знаење, и ние ќе Ви помогнеме да развиете сертифицирани решенија за безбедни работни места.
Нашите инженери ќе Ви помогнат да го елиминирате или намалите ризикот преку конструктивни мерки, или преку употреба на заштитни уреди за безбедност.
Во случај на преостанат ризик, тие ќе Ве советуваат како соодветно да ги информирате и предупредите Вашите работници.
Безбедно растојание пред сé!
При заштита на Вашата машинерија не е доволна едноставна инсталација на уреди за безбедност, туку секогаш треба да пресметате и безбедно растојание. За да гарантирате точна пресметка, подобро контактирајте нè! Исто така, ние можеме да Ви помогнеме да го одредите или измерите времето на стопирање за Вашата машина.
Во дополнение на основните функции за безбедност: итен стоп, старт и рестарт, превенција на неочекуван start-up и hold-to-run; ние, исто така може да Ви помогнеме да имплементирате повеќе сложени функции за безбедност: безбедно-ограничена брзина, безбедно-ограничена позиција, придушување, блокирање, намалена резолуција, итн.
Богат избор на производи
In our wide Machine Safety equipment portfolio, you can find the devices like:
Во нашето богато портфолио на опрема за безбедност на машини, Вие може да ги пронајдете следните уреди:
Прочитајте најновите вести на работно место
Schmersal AZM40, најмал interlock во светот
Соленоиден interlock уред AZM40 со 2000 N interlocking сила. Лесно се вклопува во компактен или тешко пристапен простор.
Schmersal соленоиден interlock AZM150
Изберете AZM150 соленоиден interlock за лизгачки и ротирачки врати. Имајте бенефит од неговата екстремно флексибилна инсталација.
Safety релејни модули SRB-E
Мултифункционални safety релејни модули за ефикасно следење на традиционални safety сензори и електромеханичка safety опрема!
Schmersal контролна конзола BDF 200-SD
Сега, BDF 200-SD Ви овозможува да конектирате e-stop тастер кој има улога на safety уред. Поддржува SD магистрала.
Schmersal мултифункционален safety модул PROTECT SELECT
Модул за високо ниво на безбедност на работник при работа со машини кој истовремено може да заврши комплексни задачи.
Safety Profinet I/O интерфејс Schmersal SFB
Profinet I/O safety интерфејс за редундантна конекција на safety излези од електронски или електромеханички safety уреди.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.