Детекција на ниво со водечка технологија
Како лидер за детекција на ниво, К-ТЕК обезбедува решенија за најсложени апликации за ниво на течности и цврсти материи.
Детекција на разни материјали
К-ТЕК паметните решенија за континуирана детекција на ниво Ви овозможуваат да измерите разни течности, вклучувајќи корозивни, запаливи, и токсични материјали. Со нивна помош можете да ја зголемите безбедноста, доверливоста, и перформансите, а да ги намалите трошоците.
Нивните производи се достапни во широк спектар на технологии за мерење на ниво: магнетостриктивни, радари со насочени бранови, ласерски, и ултразвучни. Нивниот висококласен КМ26 магнетен мерен инструмент за ниво (MLG) e добро познат производ низ целиот свет. Исто така, ABB има најдобри ласерски производи за мерење на ниво на пазарот.
Поголема продуктивност и одржливост
Покрај нивните производи за мерење на ниво, и други висококвалитетни производи за мерење и анализа во процеси на автоматика може да Ви помогнат да постигнете попродуктивна и поодржлива иднина.
Во нивното портфолио на производи можете да најдете и опрема за:
- мерење на проток,
- мерење на притисок,
- мерење на температура,
- анализа на вода.

Прочитајте ги најновите вести за сензорите
Turck капацитивни сензори – кликни & нагоди
Лесно нагодување на прекинувачкото растојание преку контролен систем додека сензорот работи. Едноставно кликнете на интегрираниот тастер!
Индуктивен пар за IO-Link сигнали
Бесконтактен пренос на IO-Link контролни сигнали, и на моќност. NIC парот е идеална замена во апликации каде контактни елементи (лизгачки прстени, четкици...) се подложни на абење за разлика од NIC парот.
NAMUR изолациони прекинувачки засилувачи за Ex-средини
Обезбедете висока густина на сигнал, брзина, точност, и флексибилност за секои апликации во опасни Ex средини со IMX12 модели на NAMUR изолациони засилувачи.
Pull-wire e-stop прекинувачи од Schmersal
Монтирајте ги TQ 900 и TQ 700 прекинувачите за заштита на машини и постројки кои не може да се заштитат со друга опрема. Прицврстете ги со Tensioning Jack додатокот.
Hengstler инкрементален енкодер NorthStar модели
Екстремно робусни NorthStar инкрементални енкодери за најсурови средини.
Yaskawa драјвови A1000 серија
Премиум А1000 драјвови за контрола и на индукциони мотори и на мотори со перманентен магнет. Одлични карактеристики! Неверојатен перформанс!
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.













