Баркод читач базиран на камера
Баркод читачите DCR200i од Leuze се дизајнирани за брза и доверлива детекција и идентификација на 1D- и 2D-баркодови, комбинирани баркодови, и DataMatrix кодови. Се истакнуваат по својата исклучителна брзина на читање на баркодови кај таргет објекти кои се движат со брзина и до 6 m/s. Се базираат на камера за брзи и ефикасни баркод читања особено во пакување, автоматика, и роботика.
Брза, доверлива, и лесна идентификација
Покрај висока брзина, DCR200i баркод читачите од Leuze се истакнуваат и со лесно пуштање во работа, работа, и одржување. Бескомпромисно следење на Вашите производи од производна линија до потрошувач е неверојатно сé порелевантна.
Без разлика дали се работи за менаџмент на алергенси во прехранбена индустрија, проверка на дотур на репроматеријали во фармација, проверка на етикети за испорака во пакување, или контрола на квалитет во електроника – неминовен чекор е брза и доверлива идентификација.
Оптимална идентификација и следливост
Новиот дуален баркод читач DCR 200i од Leuze Electronic комбинира лесно ракување и висок перформанс – и во најсложени задачи на:
- Идентификација – гаранција за испечатена етикета со баркод и/или Data Matrix код
- Следливост – следење на парчиња и спакувани производи за време на производство
Инстант интеграција
Не Ви требаат надворешни апликации за менаџмент и контрола на DCR200i баркод читачи. Интегрираните инструкции во WebConfig алатката брзо и лесно Ве водат низ процесот на конфигурација и го олеснуваат пуштањето во работа.
За само 3 минути може да го пуштите баркод читачот во работа. Кај едноставни апликации, DCR 200i може да го конфигурирате само преку 2 копчиња на уредот и апликација на Вашиот мобилен уред.
Доверлива детекција со висока брзина
Високиот перформанс на читање и моќното LED осветлување на DCR200i баркод читачот даваат одлични резултати и кај делумно оштетени баркодови и кај брзи таргет објекти. Уредот е достапен со 3 различни леќи кои овозможуваат читање на растојанија од 40 mm до 360 mm.
Благодарение на менливите филтри за поларизација и на дифузионите фолии редуцирана е интерференцијата од рефлексија.
Комуникација преку различни протоколи
Покрај Ethernet комуникација, DCR200i поддржува и RS232 и RS422 протоколи за податочен пренос. Исто така, може да комуницирате и преку PROFIBUS, PROFINET, EtherCAT протоколи. Уредот има 4 дигитални влезови и излези за активирање и одредување на неговиот статус.
За сурови средини, достапен е модел со не’рѓосувачки челик со IP69K / IP67 заштита. Моделот е, исто така, отпорен на сите типови на агресивни хемиски средства.
Апликации со DCR200i
Баркод инспекција во фармацевтски пакувања
Инспекција на налепници за испорака кај конвеери и магацини
Проверка на код во електроника
Инспекција на налепници во прехранбена индустрија
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!