Серво драјвови Sigma-7

Новата генерација на серво драјвови Sigma-7 е ремек-дело за доверлив прецизен преформанс. Може да ги стартувате за само неколку минути. Имајте бенефит од брзо нагодување на драјвот за конкретно решение за Вашата серво апликација. Заштедете време и пари!

Брзо. Доверливо.

Sigma-7 серво драјвовите од Yaskawa се истакнуваат по нивното континуирано брзо пуштање во работа, висок произведен излез, и максимална оперативна доверливост. Подобра моторна ефикасност за намалено загревање и елиминација на дополнително ладење.

Напредниот 24-бити апсолутен енкодер со резолуција од 16 милиони импулси/вртеж овозможува неверојатно прецизно позиционирање, т.е. максимална точност. Серијата Sigma-7 од Yaskawa совршено се интегрира во постоечкиот систем благодарение на вградливите интерфејси – EtherCat, PROFINET, или Mechatrolink III.

Сакате да набавите наши опрема?

Едноставна имплементација, и пуштање во работа

Употребете ги Sigma-7 серво драјвовите особено во индустрија за пакување, електроника, дрвопреработка, машини за принтање, и многу повеќе.

Sigma-7 серијата SERVOPACK е опремена со функција за автоматско нагодување која овозможува засилувачот да детектира инерција на товар и автоматски да го нагоди серво засилувањето за ажурирана фреквенција на јамка за позиција. Никогаш повеќе нема да имате потреба за нагодување на Yaskawa серво моторите.

Sigma-7 серијата е опремена со комплетен сет од сеопфатни алгоритми кои елиминираат механички пречки кои ја заробуваат брзината, точноста, и глаткото движење на серво моторите.

Со употреба на потисок на вибрации Sigma-7 детектира вибрации во сигналот. Благодарение на неверојатно точна контролна јамка и супериорна повратна информација за позиција од 24-битен енкодер, тие се способни за неутрализација на вибрации. Резултатот е значително помал стрес врз делови на машината, и поточно позиционирање при поголеми брзини.

  • Значително поголем вртлив момент за секој милиметар квадратен простор
  • Подобра дисипација на топлина
  • Поголем работен вртлив момент, а помал почетен вртлив момент
  • Значително намалена целокупна должина на мотор
  • Оптимизирана густина на флукс во мотор

Sigma-7 SERVOPACK може да контролираат без потреба за различен фирмвер стандардни ротациони или линеарни сервомотори, како и мотори без четкици.

Линеарните мотори овозможуваат поедноставна конструкција на мотор со поголема доверливост и поголема продуктивност. Моделите со перманентни магнети се идеални за лесни динамични движења, а стандардните модели за апликации со висока точност и сила.

Моторите без четкици се опремени со високопрецизни 24-битни енкодери и прецизни лежишта. Достапен е голем избор на димензии со дизајн за ниска, средна, и висока инерција, и опционално шуплива осовина во некои формати.

YASKAWA Sigma-7 серво драјвовите имаат вградливи интерфејси како: EtherCat, PROFINET, или Mechatrolink III од Yaskawa.

Благодарение на овие вградливи интерфејси, може совршено да ја интегрирате Sigma-7 серијата во постоечки системи на автоматика. А благодарение на нивната паметна конструкција, овозможена е висока целокупна ефикасност на опрема и перформанс.

Карактеристики на сервомотори Sigma-7

Достапни се стандардни ротациони сервомотори, како и линеарни и без четкици:

  • Компатибилни со Sigma-5 и Sigma II
  • Моќност 50 W – 15 kW
  • 24-битен енкодер со висока резолуција
  • Мало загревање
  • Големо забрзување
  • IP67 класа на заштита
  • Модели со ниска и средна инерција
Yaskawa Sigma-7 сервомотор

Карактеристики на SERVOPACK засилувачи Sigma-7

Yaskawa Sigma-7 SERVOPACKs

Комбинирајте го секој Yaskawa сервомотор со SERVOPACK засилувач, и овозможете прецизна контрола и кусо време на смирување. Неговите софтверски алгоритми го нагодуваат автоматски, потиснуваат вибрации, и компензираат триење и бранување. Изберете меѓу дизајн со единечна или дуална оска.

• Вградени safety функции: SIL3, PL-e, CAT3
• Фреквенција: 3,1 kHz
• Напредни safety функции: Stop cat 1 и 2, безбедно ограничена брзина
• Компензација на бранови, вибрација, …
• Можност за повратна јамка
• Интегрирани PROFINET, EtherCAT, и Mechatrolink
• 350% преоптовареност во рок од 3-5 sec

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Yaskawa Sigma-7 PROFINET

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other news