R.T.A. чекорни мотори RH серија

Треба да развиете индустриска апликација и Ви треба решение за ротирање, позиционирање или друг вид на движење? Ви треба робусен и едноставен чекорен мотор? Ние имаме оптимално решение за Вас. RH серија на индустриски чекорни мотори од R.T.A. srl се вистински избор за сите индустриски средини!

Предности на RH серија

  • Ниска вибрација
  • Заштеда на простор: RH чекорниот мотор е помал дури и од стандардни мотори со ист вртлив момент
  • Робусно куќиште за доверлива работа
  • Ниска фазна струја (само 1 A)
  • Ниско загревање
  • Отпорност на прашина: IP40 класа на заштита
RH серија

Сакате да набавите наши опрема?

Посетете ја нашата B2B продавница

Разни модели за различни апликации

RH модели

Достапни се модели со:

  • Големина на прирабница: стандардна 42 mm (NEMA 17)
  • Одржлив вртлив момент: 29-80 Ncm
  • Должина на чекорен мотор: 4 различни должини 33-59.5 mm за вистинска динамика на Вашиот систем

Сите RH модели имаат вградени M12 и JST конектори за полесна конекција со моторен драјв.

Кликнете тука за брошура

Моторни драјвови A-CSD и A-NDC серии

За да постигнете посакувана ротација на Вашиот чекорен мотор, Вие може да користите A-CSD или A-NDC серии на моторни драјвови. Со нив, Вие ќе го вклучувате и исклучувате Вашиот чекорен мотор преку тригерирање на импулси и сигнал за насока.

Клучни предности:

  • Микрочекори за тивка работа на Вашиот уред, со ниски вибрации
  • A-NDC драјв со 12,800 чекори/rpm, за висока доверливост
  • Метално куќиште со компактни димензии (достапна е и отворена варијанта)
  • Напојување: 24-85 V DC
  • Номинална струја: 0.6-6 A
  • Намалена струја кога моторот е стопиран, за пониско загревање
  • Галвански изолирани влезови за отпорност на EM интерференција
RH серии CSD NDC драјвови

RH серија со енкодер

RH серија енкодер

Сите индустриски чекорни мотори од RH серија се достапни и со вграден енкодер во посебна преграда.

Инкременталните енкодери имаат резолуција 400 cpr или 4000 cpr, и може да имаат или немаат сигнал за индексирање.

Енкодерот овозможува повратна информација за контрола на тековна позиција на Вашиот чекорен мотор.

Овие мотори имаат и M12 и JST конектори за лесна конекција.

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

V1000 Series compact microdrive

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other news