Висококвалитетни џојстици и контролни станици

Висококвалитетни џојстици и контролни станици од Spohn + Burkhardt адаптирани за Вашите индивидуални барања. Единствен начин за гарантирана безбедност, современост, и доверливост.

Убедлив квалитет

Џојстиците и контролните станици од водечкиот германски производител SPOHN + BURKHARDT се синоним за квалитет. Со огромно задоволство соопштуваме дека Типтех ја презема дистрибуцијата на нивните производи во Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, и Македонија. Spohn + Burkhardt производите се добро познати по нивниот долг работен век, широк опсег на работна температура, и висока IP заштита.

Џојстиците се опремени со насочувачки прекинувачи, потенциометри, аналогни излези, и поддршка за различни податочни магистрали (CAN, HS2, Profibus, и ProfiNet). Одредени модели се опремени со Холови сензори, т.е. најнова верзија на 3D систем од Холови сензори отпорни на абење.

џојстици контролни станици SPOHN + BURKHARDT

Сакате да набавите наши Други уреди за автоматика?

Посетете ја нашата B2B продавница

Џојстици за широк спектар на апликации

SPOHN + BURKHARDT џојстик модели

Може да користите индустриски џојстици од Spohn + Burkhardt во сите сектори од земјоделство до транспортно инженерство, на пр.: контрола на кранови, конвеери, и разна градежна или земјоделска машинерија. Тие се користат секаде каде што е неопходна рачна контрола на машинско движење.

Достапен е и специјален модел на џојстик дизајниран за контрола на насока и на брзина на брод, но и за нагодување на вител. “Railway Professional” серијата е наменета за контрола на возови и трамваи, но и за високопрецизна контрола на инвалидски колички и други помошни возила.

Кликнете тука за каталог

Контролни станици и отпорници

Spohn + Burkhard произведува и комфорни и ергономски контролни станици. Тие се опремени со комфорно седиште со можност за индивидуална конфигурација која може да биде меморирана што ја олеснува работата на операторите во смени.

Spohn + Burkhard е добро познат и по неговите отпорници за кочење и за потрошувачи со врвен квалитет и долг работен век. Тие се отпорни на абење, но во секое време е достапна замена на индивидуални компоненти.

SPOHN + BURKHARDT контролни станици

Сакате да дознаете повеќе?

Control devices Spohn + Burkhardt

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other news