Групи на Turck производи
Богатиот асортиман на Turck содржи разновидна опрема и решенија за индустриска автоматика.
Бенефити од експертите во Turck

Како експерт за технологија на паметни сензори и децентрализирана автоматика, Turck внесува интелигенција во машините и обезбедува доверлива детекција, пренос, и обработка на релевантни податоци од производство – од сензор до cloud.
Во нивното богато портфолио, освен робусни I/O решенија со IP67 заштита, Вие ќе пронајдете и софтвер и услуги едноставни за корисникот. Тие сакаат да понудат најдобро можно решение за Вашата апликација – брзо, флексибилно, и доверливо!
Turck производи со врвен квалитет
Повеќе за Turck
Прочитајте ги најновите вести од Turck
CoDeSys програмабилен Turck контролер со IP67 заштита
Програмирајте го TBEN-PLC контролерот со IP67 заштита за контрола на модуларни уреди. Инсталирајте го надвор од Вашиот електро ормар.
Капацитивни сензори со IO-Link за лесна конфигурација
IO-Link капацитивни сензори од Turck за поедноставна конфигурација во посложени апликации. Зголемена доверливост преку предвидливо одржување.
Предаватели за притисок за широк спектар на апликации
Нова PT серија на предаватели за притисок за сложени апликации во машиноградба, потенцијално експлозивни опасни зони, или за питка вода.
Индустриски Ethernet I/O модул со RS232/485 интерфејси
Ултракомпактниот TBEN-S2-2COM модул од Turck гарантира комуникација помеѓу уреди преку RS232/485 сериски интерфејси и преку дигитални I/O терминали за индустриски Ethernet, т.е. PROFINET.
ATEX ултразвучни сензори со IO-Link
Доверливи RUU/3GD ултразвучни сензори за Ex зони 2 и 22. Идеален избор во апликации за мерење на ниво во резервоари.
Turck индуктивни сензори uprox3 серија со IO-Link
Флексибилна параметризација, функции за тајмер. Достапни во 4 варијанти. Достапен IO-Link работен режим. Универзални прекинувачи за идентификација.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.













