MQTT
Message Queuing Telemetry Transport
MQTT претставува водечки TCP/IP machine-to-machine/IoT комуникациски протокол за Индустрија 4.0, кој обезбедува податочна размена во рамки на мрежа од уреди. Ова е лесен open-source комуникациски модел врз основа на publish/subscribe принцип со брзо време на одѕив. Работата со MQTT протоколот е брза и едноставна. Тој претставува добар избор за уреди со мала големина и ниска енергетска потрошувачка. Неговите минимални режиски трошоци гарантираат фин податочен пренос со низок пропусен опсег.
“Publish/subscribe” комуникациски метод
Благодарение на едноставен publish/subscribe комуникациски метод, MQTT претставува интересен протокол за употреба во мобилни апликации во кои клучни се енергетска ефикасност и доверлив податочен пренос. publish/subscribe методот нуди алтернатива на традиционалниот HTTP клиент-сервер модел каде клиентот директно комуницира со крајната точка.
Разликата е во тоа што клиентот во publish/subscribe моделот не го извлекува податокот од серверот, туку ја прима пораката релевантна на содржината на која се претплатил од серверот. За комуникација потребна е доверлива TCP врска. Доколку истата е прекината, серверот може да складира податоци во податочен бафер, а кога врската ќе биде повторно воспоставена истите ќе ги прати до клиентите.
Податочен пренос управуван од настан
Централна комуникациска точка е т.н MQTT брокер кој комуницира со клиенти (издавачи и претплатници) преку Интернет врска или локална мрежа. Издавач создава пораки кои ги објавува во одредена содржина.
Податочен пренос управуван од настан значи дека податок е предаден кога се случила промена (или на временски интервали). Претплатник прима пораки релевантни на содржината на која е претплатен.
Како стандардна пракса, содржините треба да следат хиерархија која дозволува логичко групирање/уредување за мрежа од сензори.
Прочитајте најновите вести од Мрежна опрема
Ласерски сензор optoNCDT за брзи апликации
optoNCDT 1750 ласерски сензор Micro-Epsilon со нагодлива мерна стапка дизајниран за прецизни мерења со висока брзина во индустриска средина.
Leuze 25C – моќен фотосензор
Екстремно доверлива и ефикасна 25C серија на ретрорефлективни фотосензори од Leuze за широк спектар на индустриски апликации.
FLC контролери од Turck
Користете FLC контролери со ARGEE технологија за далечински пристап. Контрола на процеси без потреба од PLC контролери.
Најбрз MICRO PLC во светот
Micro PLC контролерот промовира SPEED7 технологија за голема брзина и висок перформанс. Компактната димензија може да се прошири до 8 модули.
LED Workplace светилки од Sangel
Висококвалитетни LED светилки за долготрајно осветление на Вашето работно место. Подобрете ја благосостојбата и ефикасноста на Вашите вработени.
Schmersal модули за дистрибуција на safety сигнали
Модули за дистрибуција на safety сигнали кои драстично ќе ги намалат Вашите трошоци за инсталација. Едноставна комуникација со safety уреди!
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.














