MQTT
Message Queuing Telemetry Transport
MQTT претставува водечки TCP/IP machine-to-machine/IoT комуникациски протокол за Индустрија 4.0, кој обезбедува податочна размена во рамки на мрежа од уреди. Ова е лесен open-source комуникациски модел врз основа на publish/subscribe принцип со брзо време на одѕив. Работата со MQTT протоколот е брза и едноставна. Тој претставува добар избор за уреди со мала големина и ниска енергетска потрошувачка. Неговите минимални режиски трошоци гарантираат фин податочен пренос со низок пропусен опсег.
“Publish/subscribe” комуникациски метод
Благодарение на едноставен publish/subscribe комуникациски метод, MQTT претставува интересен протокол за употреба во мобилни апликации во кои клучни се енергетска ефикасност и доверлив податочен пренос. publish/subscribe методот нуди алтернатива на традиционалниот HTTP клиент-сервер модел каде клиентот директно комуницира со крајната точка.
Разликата е во тоа што клиентот во publish/subscribe моделот не го извлекува податокот од серверот, туку ја прима пораката релевантна на содржината на која се претплатил од серверот. За комуникација потребна е доверлива TCP врска. Доколку истата е прекината, серверот може да складира податоци во податочен бафер, а кога врската ќе биде повторно воспоставена истите ќе ги прати до клиентите.
Податочен пренос управуван од настан
Централна комуникациска точка е т.н MQTT брокер кој комуницира со клиенти (издавачи и претплатници) преку Интернет врска или локална мрежа. Издавач создава пораки кои ги објавува во одредена содржина.
Податочен пренос управуван од настан значи дека податок е предаден кога се случила промена (или на временски интервали). Претплатник прима пораки релевантни на содржината на која е претплатен.
Како стандардна пракса, содржините треба да следат хиерархија која дозволува логичко групирање/уредување за мрежа од сензори.
Прочитајте најновите вести од Мрежна опрема
Неверојатно моќни safety контролни единици HY-TTC 500
Екстремно моќни и висококвалитетни safety контролери кои може да се користат и во најсложени апликации!
IP67 контролни единици HY-TTC-50 по прифатлива цена
Флексибилни HY-TTC 50 контролни единици со висок перформанс. Користете ги и во екстремни работни услови. Гарантирано доверлива работа!
Benedict мини DC-прекинувачи за фотоволтаици
Стекнете конкурентна предност со Benedict мини прекинувачи специјално дизајнирани за фотоволтаични инсталации во апликации со ограничено тесен простор.
Turck решенија Pick-to-Light за склопување и селектирање
Pick-to-Light решенија од Turck за робусна, брза, и беспрекорна инсталација без потреба од контролен ормар. Гарантирано намалени трошоци.
Micro-Epsilon инфрацрвен пирометар thermoMETER CT модел
Инфрацрвениот пирометар thermoMETER CT е модерен софистициран сензор за бесконтактно мерење на температура и до 400 °C. Погоден е и за научни цели и во индустрија.
Робусен модуларен индустриски компјутер Axiomtek
Модуларниот индустриски компјутер IPC962-511 промовира ултракомпактно куќиште и оптимални опции за експанзија кај апликации во најсурови индустриски средини.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.














