Vuzix паметни очила M300
Бидете чекор пред Вашата конкуренција со паметни очила и Зголемена реалност, и развијте најсовремени апликации за широк опсег на индустриски потреби.
Најмоќни паметни очила
Vuzix, светски лидер за паметни очила, со гордост Ви претставува подобри функционалности за Зголемена реалност преку M300 паметни очила.
Паметните очила се дизајнирани за индустриски средини. Тие Ве конектираат со алати кои веќе ги користите за работа во фабрика, на друг терен, или во канцеларија.
Опремете ја Вашата работна сила со паметни очила

Vuzix паметните очила M300 интегрираат дигитален свет во реален, така што овозможуваат досега невиден пристап до информации во зависност од локација, прибирање на податоци, далечинска аудио или видео техничка поддршка, и многу повеќе.
Паметните очила се ергономски дизајнирани и опремени со монокуларен дисплеј, вграден процесор, голема меморија, камера, и повеќе опции за конекција. Тие се вистинска робусна нослива интелигенција.
Развијте нови апликации
Паметните очила M300 се компатибилни со најголем број постоечки Android апликации. Vuzix развојниот центар овозможува пристап за корисници и програмери до SDK, софтверски комплет.
Овозможува и примери за примена во апликации кои целосно го искористуваат капацитетот на очилата. Така, Вие полесно може да развиете нови апликации по мерка на Вашиот работен тек.

Спецификации на M300

Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!