Апликации за Yaskawa GA700

GA700 фреквентниот конвертор од Yaskawa е неверојатно доверлив, моќен, и едноставен за интеграција во мрежа. Неговиот дизајн овозможува 10-годишна работа без да го одржувате. Уредот е ажуриран со две Android и Apple апликации за уште полесна контрола и логичко програмирање.

Доверлив, моќен, и едноставен

GA700 фреквентниот конвертор од Yaskawa е неверојатно доверлив, моќен, и едноставен за интеграција во мрежа. Неговиот дизајн овозможува 10-годишна работа без да го одржувате.

Yaskawa го ажурира уредот со две Android и Apple апликации за уште полесна контрола и логичко програмирање.

Кликнете тука за брошура
Yaskawa фреквентен конвертор GA700 апликации

Сакате да набавите наши опрема?

Посетете ја нашата B2B продавница

Интуитивна конфигурација, следливост, и контрола

Yaskawa GA700 кориснички интерфејс

Преку Yaskawa DriveWizard мобилна апликација може директно од Вашиот мобилен или таблет интуитивно да го конфигурирате, контролирате, и следите GA700 фреквентниот конвертор.

Вие може да зачувате копија од податоците на конверторот локално на Вашиот паметен уред или во облак.

Конектирајте се на YASKAWA Drive Cloud, и обезбедете брз пристап до податоци и најнови прирачници преку Yaskawa апликацијата, во секое време и од секое место.

Следете го Вашиот уред во реално време

Апликацијата DriveWizard е offline/online алатка за конфигурација на уредот. Интуитивната алатка се користи за конфигурација, одржување, и детекција на проблеми. Алатката нуди и уредување на параметри, меморирање и споредба на фајлови, како и online графички приказ преку функцијата за осцилоскоп.

Вие може да го поврзете Вашиот мобилен или лаптоп со фреквентниот конвертор преку Bluetooth или преку вграден USB приклучок. Со помош на апликацијата, Вие може да ги конфигурирате параметрите и да ја следите работата на уредот во реално време.

Автоматска параметризација

Yaskawa GA700 параметризација апликација

Мобилната апликација DriveWizard има и Auto-tuning функција која автоматски ќе ги нагоди параметрите на Вашиот GA700 фреквентен конвертор.

Исто така, апликацијата ќе Ве извести со детален опис за аларми и грешки, и ќе Ви препорача кои мерки да ги преземете.

Достапна е и функција за пребарување преку која полесно ќе најдете посакувани параметри, грешки, и аларми.

Сигурна резервна копија на податоци од Вашиот уред

Ќе се изненадите од опцијата за резервна копија на параметрите од Вашиот фреквентен конвертор.

Вие може да ги меморирате податоците од драјвот локално на Вашиот паметен уред или на Yaskawa Drive Cloud.

Оваа карактеристика е добродојдена за безгрижно преземање на податоците при ресетирање на Вашиот уред.

Yaskawa GA700 апликација

Други корисни карактеристики

Yaskawa фреквентен конвертор GA700 апликација
  • Бесплатна Yaskawa DriveWizard мобилна апликација
  • Бесплатна Yaskawa Drive Cloud услуга
  • Достапна Android (од 5.0 до 7.1.1 верзии, 8.0 не е потврдено) и iOS (10.0 и понови) апликација

Yaskawa Manuals апликација

Апликацијата Yaskawa Manuals Ви овозможува лесен пристап до сите релевантни прирачници за AC драјвови на едно место. Вие може да ги преземете прирачниците на Вашиот паметен уред, и online или offline да ги прегледате.

Скенирајте го QR кодот на драјвот, и лесно пристапете до прирачниците кои се автоматски ажурирани за да Ви бидат достапни најнови информации.

Само преземете ја апликацијата на Вашиот Android паметен телефон, и земете ги Вашите прирачници со Вас каде и да одите. Може да додавате сопствени коментари и да означувате забелешки на инструкциите.

Yaskawa фреквентен конвертор GA700 manuals апликација

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other news