AZM40 е најмал електронски соленоиден interlock во светот. Покрај екстремно мало куќиште се истакнува со 180° аголна флексибилност на актуаторот. Тоа го прави особено погоден за мали safety врати и клапи. Покрај компактни димензии, AZM40 има неверојатна interlocking сила и “high” кодно ниво.
Interlock уред AZM40 – мал, но екстремно силен
Schmersal го додаде својот interlock уред AZM40 на фамилијата на електронски safety прекинувачи. Се истакнува со мало куќиште, кое може да се адаптира на стандардни 40 mm алуминиумски профили. Затоа е особено погоден за мали safety врати.
Благодарение на 180° аголната флексибилност на актуаторот, AZM40 е погоден и за клапи кои не се затвораат на 90° или оние кои се отвораат нагоре на 45° агол. Ова значи дека аголната флексибилност помага interlock уредот да се вклопи во компактен простор или тешко пристапен простор. Специјални верзии со индивидуално кодирање гарантираат “high” кодно ниво според барањата на DIN ISO 14119 стандардот.
Карактеристики на interlock уред AZM40
- Екстремно компактни димензии (W x H x D: 40mm x 119.5 mm x 20 mm)
- Бистабилен принцип на држење
- Голема сила на држење Fzh = 2.000 N
- Сила на заклучување на отклучена врата 40 N
- Индивидуално кодирани верзии со “High” кодно ниво според ISO 14119
- погоден за апликации со Cat. 4 / PL e / SIL 3
- IP67 класа на заштита од прашина и вода
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!