Фотоспектрометар ACS7000
Micro-Epsilon фотоспектрометарот ACS7000 е систем за мерење на боја кој овозможува бесконтактно релативно или апсолутно мерење на боја. Идеален е за брзо автоматско мерење на контраст, боја, и тонови.
Точно и брзо мерење на бои и тонови
colorCONTROL ACS7000 не само што препознава референтни бои преку споредба, туку и јасно идентификува бои преку нивни координати во спектарот.
Со неговата голема брзина на мерење, фотоспектрометарот е погоден за апликации со брзо и точно мерење на бои и тонови.
Неизбежен е за екстремно точни мерења во индустрија или лабораторија каде други методи не се изводливи.
Карактеристики на ACS7000
- Мерна брзина: max. 2 kHz
- Нагодлив светлински извор: A, C, D65, D50, D75, E, F4, F7, F11
- Стандардно видно поле: 2°, 10° (нагодливо)
- Колор простор: XYZ; L*a*b*; L* u* v*; L* c* h*
- Мерна прецизност: ΔE ≤ 0.08 (5 nm)
- Снимање и обработка на податоци во реално време
- Ethernet/EtherCAT, RS 422, дигитални I/O
- Репродуктивност на мерења: <0.03 (средна); <0.08 (макс.) ΔE
- Работа и приказ преку веб-интерфејс
Типови на ACS7000 глави
Стандарден сензор ACS1
Наменет за стандардни мерни задачи. Предавателот и приемникот се наредени еден во однос на друг под агол од 30°/0°, така што обезбедуваат 50 mm работно растојание.
Циркуларен сензор ACS2
Наменет за мерење на боја кај структурирани и високо рефлектирачки површини, и сјајни метали. Сензорот има оптика со 24 светилки циркуларно наредени околу приемната оптика.
Трансмисионен сензор ACS3
Наменет за мерења на самосветлечки објекти, како и транспарентни објекти. За мерење на боја кај самосветлечки објекти треба само приемник, а кај транспарентни и предавател и приемник.
Апликации со ACS7000
- Металургија: мерење боја кај обоени или галванизирани метали
- Мерење боја кај проѕирно стакло и оптика
- Мерење колор градиенти (PET, PVC фолии, стакло, оптика)
- Мерење боја на PET филм
- Мерење боја на пластични делови по лиење на пластика
- Контрола врз промена на боја кај пластика во зависност од температура
- Мерење течна боја (лак, фарба, …)
- Мерење хомогена боја на LED панели (RGB)
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!