Micro-Epsilon инфрацрвен пирометар
Инфрацрвениот пирометар thermoMETER CS е модерен софистициран сензор за мерење на температура во наука или во индустрија.
Мерење на температура до 400 °C
Работата на инфрацрвениот пирометар се базира на фактот дека секое тело зрачи во инфрацрвен спектар, а зрачењето зависи од температурата и материјалот.
Врвниот производител на опрема за сензори Micro-Epsilon сега нуди и верзија на thermoMETER CS инфрацрвен пирометар по атрактивна цена.
Брзо и доверливо мерење на температура

Пирометарот овозможува бесконтактно мерење на температура. Тоа е особено корисно и важно таму каде што други мерни методи не се возможни поради многу високи температури.
Исто така, мерењата со инфрацрвен термометар се екстремно брзи во споредба со класични мерни методи. Вообичаено потребни се помеѓу 1 ms и 100 ms. Друга важна карактеристика на пирометарот е многу мал мерен опсег (и до 0.45 mm).
Мерење на температура кај сите материјали

Micro-Epsilon инфрацрвениот пирометар од CS серија е дизајниран за мерење на температура од -40 ° C до 400 ° C. Сензорот детектира зрачење со бранова должина од 8 до 14 µm. Тоа го прави особено погоден за мерење на температура кај сите материјали застапени во индустријата.
Пирометарот има аналоген напонски излез, а достапна е и верзија со излез за термопар. Во пакет со сензорот добивате и CompactConnect софтвер кој овозможува да меморирате мерни резултати, графичка анализа на мерења, и конфигурација на параметри.
Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!