Точен draw-wire сензор по ниска цена
Моделот WPS-MK88 на draw-wire сензор од Micro-Epsilon е специјално дизајниран за сериски апликации со голем број на парчиња во низа. Користете го за точно мерење на растојание, додека штедите на пари и простор.
Компактен, доверлив, и исплатлив
Сензорот има цврсто робусно пластично куќиште со IP65 заштита. Висококвалитетните компоненти на сензорот гарантираат долг работен век.
Сензорот е достапен со: 2300 mm, 3500 mm, и 5000 mm мерен опсег, квазибесконечна резолуција, и 0.15% линеарност во најдобар случај.
Достапни се дигитални варијанти со инкрементален или апсолутен енкодер, и аналогни варијанти со потенциометар, со струен или напонски излез.
Намалени трошоци во производство

Сите Micro-Epsilon draw-wire сензори користат екстра флексибилно челично јаже за мерење на линеарно поместување. Челичното јаже се наоѓа во барабан кој е конектиран со сензор кој генерира излезен сигнал во зависност од позицијата на јажето. Динамичките мерења се екстремно точни.
Моделот MK88 е специјално дизајниран за мобилни апликации во серии како мобилни кранови или мобилни работни платформи. Моделот MK88 е уникатна комбинација од компактна димензија, робусен дизајн, и одличен сооднос мерен опсег/цена. Моделот има потенцијал значително да ги намали Вашите трошоци во производство.
Дизајниран за широк спектар на апликации
MK88 серијата на draw-wire сензор најчесто се користи во апликации каде се мерат долги растојанија, типично од 50 cm до 50 m. Растојанието помеѓу контактите е повеќе од 3 mm, така што е во согласност со IEC 60335-1 стандардот.
Може да го користите и во:
- апликации за контрола на позиција на елеватори (дигалки за коли, лифтови, карго елеватори)
- медицина (позиција на оперативна маса, позиција на X-ray глава за време на снимање)
- лабораториски мерења на разни висечки мостови и други структури, или градежни температурни пукнатини
- …

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!