Линеарен сензор за позиција Li-Q25, отпорен на шок до 200G

Turck го надгради својот бесконтактен линеарен сензор за позиција Li-Q25, и додаде нови варијанти во својата програма. Стекнете предност со поголема отпорност на шок и стапка на земање примероци во споредба со алтернативни мерни системи. Серијата Li-Q25 со подобри перформанси мери вредности на позиција до 2 m растојание, со 5 kHz фреквенција.

Подобри карактеристики

Инженерите во Turck го надградија принципот на индуктивно мерење и ја зголемија отпорноста на шок кај нивните линеарни сензори за позиција Li. Тие ја подобрија и стапката на земање примероци споредено со алтернативни мерни системи. Со мерна должина до 2 m, Li сензорите го надминаа карактеристиките на строго магнетни линеарни сензори за позиција кои како резултат на нивниот работен принцип детектираат со помала стапка на земање примероци при зголемување на нивното мерно растојание.

Благодарение на IP67 класа на заштита, Extended серијата на линеарни сензори за позиција е отпорна и на сурови работни услови како влажност и нечистотија. Овие сензори доверливо испраќаат излезен сигнал за позиција при изложеност на вибрации и шок до 200G.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Мерете вредности со 5 kHz фреквенција

Фреквенцијата од 5 kHz ги одржува грешките при детекција на минимум – нешто што претходно беше незамисливо.

И прецизноста е поголема благодарение на 16-bit D/A конвертор. Линеарните сензори за позиција секогаш испраќаат излезен сигнал двапати – како 0-10 V и како 4-20 mA сигнал. Ова овозможува да поврзете системи за дијагностика, и да го намалите бројот на варијанти на залиха.

Создаден за најсложени задачи

Благодарение на отпорноста на магнетно поле, Li сензорот е идеален за контролни задачи со затворена јамка кај апликации во металургија. Металните струготини не се задржуваат на сензорот, а со тоа не се индуцираат грешки во линеарноста.

Благодарение на отпорноста на шокови, Вие може да ги користите и кај индустриски преси, дрвопреработувачка индустрија, или машини за лиење на калапи.

Сакате да дознаете повеќе?

Turck linear position sensor Li Q25

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news