Фотоспектрометар ACS7000

Micro-Epsilon фотоспектрометарот ACS7000 е систем за мерење на боја кој овозможува бесконтактно релативно или апсолутно мерење на боја. Идеален е за брзо автоматско мерење на контраст, боја, и тонови.

Точно и брзо мерење на бои и тонови

colorCONTROL ACS7000 не само што препознава референтни бои преку споредба, туку и јасно идентификува бои преку нивни координати во спектарот.

Со неговата голема брзина на мерење, фотоспектрометарот е погоден за апликации со брзо и точно мерење на бои и тонови.

Неизбежен е за екстремно точни мерења во индустрија или лабораторија каде други методи не се изводливи.

фотоспектрометар ACS7000 Micro-Epsilon

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Карактеристики на ACS7000

фотоспектрометар ACS7000 Micro-Epsilon карактеристики
  • Мерна брзина: max. 2 kHz
  • Нагодлив светлински извор: A, C, D65, D50, D75, E, F4, F7, F11
  • Стандардно видно поле: 2°, 10° (нагодливо)
  • Колор простор: XYZ; L*a*b*; L* u* v*; L* c* h*
  • Мерна прецизност: ΔE ≤ 0.08 (5 nm)
  • Снимање и обработка на податоци во реално време
  • Ethernet/EtherCAT, RS 422, дигитални I/O
  • Репродуктивност на мерења: <0.03 (средна); <0.08 (макс.) ΔE
  • Работа и приказ преку веб-интерфејс

Типови на ACS7000 глави

Стандарден сензор ACS1

стандарден сензор ACS1 Micro-Epsilon

Наменет за стандардни мерни задачи. Предавателот и приемникот се наредени еден во однос на друг под агол од 30°/0°, така што обезбедуваат 50 mm работно растојание.

Циркуларен сензор ACS2

циркуларен сензор ACS2 Micro-Epsilon

Наменет за мерење на боја кај структурирани и високо рефлектирачки површини, и сјајни метали. Сензорот има оптика со 24 светилки циркуларно наредени околу приемната оптика.

Трансмисионен сензор ACS3

трансмисионен сензор ACS3 Micro-Epsilon

Наменет за мерења на самосветлечки објекти, како и транспарентни објекти. За мерење на боја кај самосветлечки објекти треба само приемник, а кај транспарентни и предавател и приемник.

Апликации со ACS7000

  • Металургија: мерење боја кај обоени или галванизирани метали
  • Мерење боја кај проѕирно стакло и оптика
  • Мерење колор градиенти (PET, PVC фолии, стакло, оптика)
  • Мерење боја на PET филм
  • Мерење боја на пластични делови по лиење на пластика
  • Контрола врз промена на боја кај пластика во зависност од температура
  • Мерење течна боја (лак, фарба, …)
  • Мерење хомогена боја на LED панели (RGB)
ACS7000 M-E апликации

Сакате да дознаете повеќе?

photospectrometer ACS7000 Micro-Epsilon

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news