Колор сензор за контраст на ознаки – KRT 18B модел

KRT 18B моделот на колор сензор од Leuze комбинира лесно ракување преку перманентен сигнален индикатор, доверлива детекција на контраст на ознаки, и голема функциска резерва. Достапен со аналоген излез за особено сложена детекција на ознаки во процеси на пакување.

Флексибилност и изводливост – добитна комбинација

Во многу процеси на пакување, колор ознаките мора да бидат доверливо детектирани на разни амбалажи, или етикети. Притоа бескомпромисно се очекува висока флексибилност, издржливост, и употребливост на сензорот.

KRT 18B моделот е идеален избор за исполнување на следните барања: екстремно лесно ракување, автоматско повторливо нагодување на сензитивност, и интегриран двоканален IO-Link интерфејс. Неговото компактно метално куќиште овозможува инсталација и во ограничен простор и во апликации со строги хигиенски барања.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Избор помеѓу 6 варијанти за Ваше оптимално решение

  • Стандардна: основна варијанта за едноставни апликации
  • Со Teach тастер: варијанта за универзална употреба, со додаден LED дисплеј за полесно нагодување на прекинувачка гранична точка
  • Со вртлив потенциометар: варијанта за рачна оптимизација преку потенциометар за прецизно нагодување на прекинувачка гранична точка
  • За следење: варијанта за максимална достапност до тешко детектабилни ознаки преку вградена функција за автоматска промена на сензитивност
  • Брза: варијанта за прецизно позиционирање кај брзи процеси благодарение на пократко време на одѕив (22.5 µs), и повисока прекинувачка фреквенција (22 kHz)
  • Аналогна: варијанта со аналоген излез за евалуација на сигнали до PLC

Карактеристики на контраст сензор

Јасно видлив LED индикатор на заден дел од сензор за лесна и брза конфигурација на прекинувачка гранична точка. Достапен е во две варијанти на сензорот: со teach тастер, и со вртлив потенциометар за интуитивни нагодувања.

Функција за автоматска адаптација на сензитивност, т.е контрола на следење. Функцијата автоматски ја нагодува сензитивноста на сензорот, така што овозможува поробусен, а помалку сензитивен сензор на акумулирана нечистотија на куќиштето. Тоа значи значително зголемена детекција и на оштетени ознаки, а намален застој поради варијации во контраст.

Сензорот има интегрирана мултиколор (црвена, зелена, сина) технологија. Додека го сетирате сензорот, Вие може автоматски да ја селектирате соодветната LED боја која Ви овозможува максимален контраст помеѓу ознаката и позадината. Тоа го прави сензорот поробусен и поуниверзален.

контраст сензор Leuze krt18b

Апликации во индустрија

Leuze krt18b фармација
Leuze krt18b пакување
Leuze krt18b амбалажа

Сакате да дознаете повеќе?

contrast sensor Leuze krt18b

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news