Хигиенски сензори и кабли

Turck исперливи сензори и ESCHA кабли работат беспрекорно дури и во средини со највисоки хигиенски стандарди. Со оптимална комбинација на индуктивни и капацитивни сензори, и F&B кабли со ESCHA конектори, Вие гарантирате беспрекорна работа на Вашиот производен процес во прехранбена или фармацевтска индустрија.

Состојба на вентили со хигиенски индуктивни сензори

Turck индуктивни сензори за прехранбена индустрија се дизајнирани за да детектираат отворени/затворени вентили, врати од резервоари и инсталации на разводни цевки.

Достапни се 3 димензии (M8, M12, M18, и M30 дијаметар), со стандарден G1/2″ машки конектор. Тие се направени од 1.4404 или AISI 316L нерѓосувачки челик. Така, тие имаат голема отпорност на сите вообичаени кисели и алкални средства за чистење и дезинфекција.

хигиенски индуктивни сензори Turck

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Гарантирана заштита од средства

хигиенски индуктивни сензори апликации

Специјалната двоусна пломба гарантира конектор отпорен на вода, и висока IP69K класа на заштита во сурови средини.

Предното капаче на сензорот е направено од течен кристален полимер. Ласерски изгравираната ознака останува перманентно исправна.

Хигиенските сензори детектираат секакви метали на исто растојание (factor 1). Тие се отпорни на магнетно поле, и беспрекорно работат на температури од -40 °C до +100 °C.

Тие се 10-30 VDC напојувани, 3-жилни сензори со N.O., PNP излез.

Детекција на ниво со хигиенски капацитивни сензори

Turck хигиенски капацитивен сензор NCLS 30 за детекција на гранични нивоа на интерфејс медиуми во резервоари и цевководи кај средини со највисоки хигиенски стандарди.

Исто така, ќе ги заштити Вашите пумпи од работа на суво, т.е. работа без медиуми. Сензорот детектира многу медиуми меѓу кои течности, вискозни материјали, грануларни материјали, прашкасти, итн.

хигиенски капацитивни сензори Turck

Карактеристики на хигиенски капацитивни сензори

хигиенски капацитивни сензори апликации

имаат хигиенски PEEK врв, отпорен на перење и стерилизација. Во процес на стекнување EHEDG сертификат.

Едноставно конектирајте ги на Вашиот контролер преку индустриски M12 4-жилен конектор. LED прстенест индикатор Ви овозможува следење на статус на сензор од сите страни. Па дури и состојбата на високо позиционирани сензори е јасно видлива.

12-32 VDC напојување, со <1 W енергетска потрошувачка

Два дигитални излези на сензорот посебно се нагодуваат како NO/NC контакти. Излезите може да бидат PNP, NPN, или push-pull. Може да ги параметризирате преку IO-Link интерфејс, преку кој може да ги следите и процесните вредности.

машкиот G1/2″ конектор заедно со Turck адаптер, е хигиенски. Сензорот работи на температура меѓу 0–100 °C.

направени од 1.4404 или AISI 316L нерѓосувачки челик, најчесто користен во прехранбена индустрија. Класата на заштита е IP67/IP69K.

Кабли со ESCHA конектори за хигиенски апликации

Конектирајте Turck хигиенски сензори со ESCHA хигиенски кабли. Од богатиот асортиман на Escha кабли, изберете најпогодни кабли со конектори за различни делови на производниот процес или линија за да исполните различни хигиенски барања.

Може да изберете меѓу хигиенски кабли со конектори за 3 производни зони: производна зона, зона на прскање, и зона на пакување.

хигиенски кабли Escha

Хигиенски кабли за производна зона

хигиенски кабли производна зона

Во оваа зона каде храната може да дојде во контакт со системските делови а потоа се враќа во процес на ракување, хигиенските стандарди се највисоки. Делови од опремата која доаѓа во контакт со храната треба да има капацитет за лесна демонтажа (освен ако се работи за системи кои се чистат на лице место), за темелно чистење, и по потреба стерилизација.

Во оваа зона, изберете опрема од производното портфолио ‘Hygienic Design’, според EHEDG насоки. FDA-усогласените материјали и висококвалитетни TPE кабли со конектори гарантираат висока отпорност на кисели и алкални средства за чистење и дезинфекција.

Хигиенски кабли за зона на прскање

Во зоната на прскање(и перење), храната може да дојде во контакт со системските делови, но не се враќа во процес на ракување. Така, хигиенските стандарди во оваа зона се пониски.

За оваа зона, изберете исплатливи лесни за чистење конектори за PVC кабли. На Ваше барање, може да добиете M12 конектори со пластична навртка за заклучување.

хигиенски кабли зона прскање

Кабли за зона на пакување

кабли зона пакување

Зоната на пакување може да се спореди со класична индустриска зона каде храната не доаѓа во контакт со системските делови. Тука не се потребни агресивни средства за чистење со јак млаз.

Докажаното ESCHA сензор/актуатор производно портфолио е погодно за оваа зона.

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Hygienic cables with ESCHA connectors

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news