Ласерски триангулациски сензори

Micro-Epsilon ласерски триангулациски сензор optoNCDT 1750 Ви овозможува прецизни и брзи мерења на поместување, растојание, и позиција. Бенефицирајте од можноста за едноставни мерења на површини од различни материјали. Едноставна употреба благодарение на нивниот компактен робусен дизајн и различни интерфејси.

И за апликации со ограничен простор

OptoNCDT 1750 серија има значително подобри перформанси:

  • 3x поголема мерна фреквенција за брзо мерење
  • 2x поголема резолуција
  • 25% поголема линеарност

Благодарение на компактен и робусен дизајн, Вие може едноставно да го вградите во системи со ограничен простор. Тоа ќе го олесни процесот на склопување и ожичување. Сите модели на optoNCDT 1750 серија може едноставно да се употребуваат преку интуитивен веб-интерфејс и готови програми.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Подобар оперативен алгоритам

Micro-Epsilon OptoNCDT1750

Промената на површини претставува голем предизвик во оптички мерења. Micro-Epsilon ефективно одговори на предизвикот со комбинација од RTSC технологија и конфигурирани SMART програми. optoNCDT 1750 овозможува неверојатно доверливи мерења на површини од разни материјали: рефлектирачки површини, транспарентни полимери (пластика), или органски материјали.

Тие и дополнително го подобрија перформансот на RTSC алгоритамот за напредна временска компензација на изложеност согласно типот на површина. Времето на изложеност или количината на светлина произведена од ласерот оптимално се совпаѓа со карактеристиките на рефлексија од таргет површината. Ова овозможува неверојатно доверливи мерења и на рефлектирачки површини.

Функционалности

  • Мерен опсег (mm): 2 // 10 // 20 // 50 // 100 // 200 // 500 // 750
  • Линеарност 1.6 µm (±0.06 – 0.09% FSO)
  • Нагодлива мерна стапка до 7.5 kHz
  • Аналогни (4-20 mA; 0-5 V/0 10 V) и дигитални излези (RS422/16 бити)
  • Компактни димензии со интегрирана електроника:
    • 97 x 75 x 30 mm до 200 mm мерен опсег
    • 150 x 80 x 35 mm до 500 mm мерен опсег
  • RTSC алгоритам
  • Веб-интерфејс
OptoNCDT1750 RTSC алгоритам

Полесна конфигурација

Micro-Epsilon конфигурација

Новиот веб-интерфејс овозможува полесна конфигурација на ласерски сензори без потреба од дополнителен оперативен софтвер. Достапни се готови SMART програми за разни таргет објекти, како метали, пластика, или органски материјали.

Постои можност за поставка до 7.5 kHz мерна стапка, и нејзино нагодување во зависност од барањата на секоја мерна задача.

Алгоритамот за селекција на точен пик од оптичка крива и превенција од интерференција, овозможува доверливи мерења на масни компоненти при конструкција на мотори, и на објекти позади стакло.

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Micro-Epsilon laser triangulation sensor OptoNCDT1750

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news