Индустриски интерферометар

Индустриски интерферометар со бела светлина од Micro-Epsilon Ви овозможува бесконтактно да мерите минимално растојание и дебелина во сложени индустриски апликации.

Бесконтактно мерење растојание и дебелина

Индустриски интерферометар со бела светлина од Micro-Epsilon Ви овозможува бесконтактно да мерите минимално растојание и дебелина во сложени индустриски апликации.

Гарантирано стабилни мерења со резолуција под нанометар. Овој интерферометар го проширува спектарот на апликации со конфокални сензори.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

За сложени индустриски апликации

Индустриски интерферометар со бела светлина од Micro-Epsilon е најточниот оптички мерен систем. Micro-Epsilon е лидер за напредни мерни решенија од областа на автоматика, особено таму каде што се потребни екстремно точни мерења или анализи.

Интерферометарот може да се користи во индустрија за мерење на растојание и дебелина во опсег под нанометар, дури и за <30 pm. Покрај исклучителна точност, може да се потпрете и на стабилност на изведени мерења.

Робусност и флексибилност

Индустрискиот интерферометар содржи робусен сензор, флексибилен оптички кабел, и контролер во алуминиумско куќиште кое може да биде монтирано на DIN преграда.

Контролерот може активно и стабилно да компензира за промени во амбиентална температура. Така, може да се користи и во сложени температурни услови.

Должината на кабелот до 20 m овозможува просторно одделување меѓу сензорот и контролерот.

индустриски интерферометар точни бесконтактни мерења

Едноставна инсталација

индустриски интерферометар

Micro-Epsilon решенијата Ви даваат голем избор на конфигурации кои лесно може да ги направите преку веб интерфејс.

За оптимална интеграција на интерферометарот во уреди и системи, достапен е широк спектар на интерфејси:

  • дигитални интерфејси (Ethernet / EtherCAT / RS422)
  • енкодер конекции
  • аналогни излези
  • дигитални I / O

Изберете го потребниот модел

Достапни се 3 модели на интерферометри за различни апликации, 2 за мерење на растојание и 1 за мерење на дебелина.

Од областа на индустриска автоматика, може да изберете интерферометар со бела светлина за апликации во производство каде Ви треба највисоко ниво на точност. Ќе Ви се најде во производство на полупроводници, тенки филмови, екрани, LED, и стакло.

точни бесконтактни мерења

За разни индустриски апликации

индустриски интерферометар модели

За разлика од традиционалните ласерски интерферометри, IMS5x00 мери апсолутно растојание. Така, може многу точно да мерите степенасти профили.

Достапни се три IMS5x00 модели за разни апликации:

Најточно мерење на растојание во индустрија. Нуди можност за мерење на големо растојание од таргет објектот и голем мерен опсег.

Мерење на растојание со нанометарска точност, особено во производство на електроника и полупроводници. Идеален е за мерење на стакло, метали, и рефлектирачки површини.

Мерење на нанометарска дебелина во индустриски процеси. Стабилни мерења на дебелина во опсег од 35-2100 µm, без разлика на растојание од таргет објект.

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Industrial interferometer for accurate non-contact measurements

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news