Термална камера Micro-Epsilon

Сè додека не се измисли ефективен лек за борба против COVID-19 вирусот, треба да се преземат различни мерки кои ќе спречат пренос на вирусот меѓу луѓето и брзо ширење на инфекција. Уредите кои може ефективно да идентификуваат инфицирани и болни луѓе играат важна улога. Еден од симптомите на болеста е температура која може да биде измерена со бесконтактна камера thermoIMAGER, од Micro-Epsilon.

Бесконтактно мерење температура на тело

Многу години претходно, научни истражувања ја потврдија можноста за детекција на температура преку бесконтактно мерење на фацијална температура со термална камера. Од 6-те мерни зони околу окото, докажано е дека зоната кај внатрешниот агол од окото е најпогодна за проверка на температурата на телото.

Брзо бесконтактно мерење овозможува голем проток на луѓе во текот на мерењето, а дополнителна потврда за измерената температура со друг топломер потребна е само во случај на високо измерена температура.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Брза детекција на температура во време на пандемија

термална камера софтвер

TIM QVGA-HD-T100 термалната камера е наменета за брз скрининг со цел детекција на температура во време на инфекција. Термалната камера мери температура на тело со оптичка резолуција од 382 x 288 пиксели и температура од 20 °C до 100 °C.

Достапни се 3 леќи кои овозможуваат проверка само на еден човек или група на луѓе. Континуираната калибрација на термалната камера со помош на TM-BR20AR-TIM референтен модул овозможува мерења со висока точност, до ± 0.5 °C.

Разни апликации

Главни области на апликација:

  • Влезови во компании, фабрики (за вработени и посетители)
  • Аеродроми, железнички станици
  • Болници, медицински институции
  • Трговски центри, продавници
  • Универзитети, школи
термална камера

Сакате да дознаете повеќе?

Contactless body temperature measurement with a thermal imaging camera

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news