Индустрија 4.0

Индустрија 4.0 или уште позната како Четврта индустриска револуција означува трансформација на индустриско производство.

Интелигентното вмрежување од големи размери на Вашите машини и процеси преку информациски и комуникациски технологии ги трансформира Вашите производни податоци, меѓусебно поврзува големи множества на податоци, работна сила, процеси, услуги, системи и индустриски ресурси, и воспоставува Интернет на Нешта (на анг.: Internet of Things – IoT).

Експлоатирајте ги Вашите претходно затрупани податоци, и остварете паметно индустриско производство, носете одлуки во реално време, и засилете ја Вашата продуктивност, флексибилност, и агилност.

Ви треба помош? Дозволете да Ви помогнеме.

Преку Индустрија 4.0 до подобар перформанс

Индустрија 4.0 Ви дозволува да ги управувате Вашите сложени производни процеси. Стекнатата флексибилност ќе Ве охрабри да го прилагодите Вашето производство соочено со нови околности и пазарани услови, и да го намалите развојниот период со употреба на високо иновативни средства.

Намалете го производното време на работен циклус, подобрете го квалитетот на производ, и зголемете ја ефикасноста на мало сериско производство. Индустрија 4.0 нуди вертикална интеграција од изолирани системи на секое ниво до вертикално интегриран информациски проток кој овозможува целосни бизнис процеси.

Податоците од паметните уреди и машини се доследно снимани и складирани во облак преку мрежна врска. Ваквото складирање го олеснува далечинскиот пристап до податоци од меѓусебно поврзани уреди. Исто така, Индустрија 4.0 обезбедува подобра контрола и разбирање на секој аспект од Вашата работа.

Сакате да набавите наши опрема?

Основна технологија на Индустрија 4.0

Индустриски Интернет на Нешта (на анг.: Industrial Internet of Things – IIoT) е, и ќе биде клучна основна компонента во сите паметни фабрики. Платформите на Индустрија 4.0 го менуваат индустриското производство. IIoT обезбедува автоматизација на процеси кои Ви дозволуваат далечинска контрола на сите поврзани уреди.

Индустрија 4.0 и IIoT обезбедуваат подобро да се разбере начинот на работа на поврзани уреди со цел подобро да ги носите Вашите одлуки. IIoT Ви овозможува да прибирате податоци од уреди, а со анализа на истите да ја подобрите ефикасноста, продуктивноста и квалитетот. Предвидливото одржување Ви дозволува да заштедите пари, додека анализата на податоци во реално време Ви овозможува да спречите застој кој може скапо да Ве чини.

Клучни придобивки со Индустрија 4.0

  • Флексибилно производство со пренос на вештини меѓу човекот и машините
  • Повисока ефикасност на меѓусебно поврзани и самоуправувани машини како резултат на оптимално планирано производство
  • Енергетска ефикасност како резултат на иновативни решенија кои се способни да ограничат енергетски отпадок и да одредат контрола на производство во реално време
  • Автоматска гаранција на квалитет со цел да се намали количината на готови производи кои не се стандардизирани
  • Континуирано податочно снимање и обработка кои овозможуваат промена во следливоста, и оптимизација на производни процеси
  • Едноставен надзор над работни услови на машини – преку далечински пристап
  • Поедноставно одржување на оптимална состојба на машини и спречување на работни прекини
  • Подобра контрола на машини која овозможува превентивно планирање на одржување
  • Подобра контрола на резервни делови која спречува прекини во производство

Примена на Индустрија 4.0

  • RFID ознаки на браници кои овозможуваат следливост во текот на целиот процес на производство и логистика
  • RFID ознаки кои содржат информации за контрола на производни машини преку OPC сервери, или за контрола на процеси преку OLE сервери
  • Интеграција на податоци од ERP системите, и WMS
  • Идентификација на крио резервоари и нивна содржина преку RFID ознаки
  • Доверлива идентификација и во услови на непрецизно позиционирање на резервоар благодарение на високо фреквентни read/write глави со опсег од 400 [mm]
  • Достапни и пристапни податоци од неколку локации благодарение на нивно складирање во облак
  • QR24 енкодер за I/O врска детектира вртливо движење така што го подобрува такт сигналот на машините
  • Употребата на енкодер за I/O врска наместо Fieldbus енкодер претставува економично решение кое овозможува поедноставна и побрза детекција на грешка
  • Дефектите на механички енкодери се помалку вообичаени, а позицијата на резонаторот е постојано контролирана
  • Бесконтактна идентификација на лиен материјал со помош на NIC индуктивни спојки, и TBIL I/O-hub преку I/O-врска
  • Бесконтактен пренос на податоци и енергија преку индуктивни спојки

Поширока примена на Индустрија 4.0

  • CCM штитник за кабинет со интегриран оптички сензор континуирано врши надзор над претходно поставени граници на работна околина во внатрешноста на Вашиот електричен контролен ормар. Штитникот мери температура и влажност во ормарот, и детектира растојание до вратата на ормарот. Достапен е и штитник за ормар во експлозивни работни средини
  • Модул кој праќа извештај до контролно ниво, доколку било кој параметар надмине претходно поставена вредност
  • Дополнително, модулот за прибирање на податоци детектира потрошност на опрема, како на пример: порозност на пломби, запушување на филтри…
  • Пакети со лекови опремени со RFID ознаки со цел нивно следење во текот на целиот логистички процес
  • Машини опремени со моќни сензори кои се способни да читаат до 500 RFID ознаки по пакет
  • Снимени податоци кои се постојано достапни во облак
  • Записи од RFID ознаки во производство на чоколадо кои го контролираат производниот процес
  • Исто така, RFID ознаки имаат вграден температурен сензор така што RFID читачката глава бесконтактно ги чита неговите податоци
  • Флексибилен производен систем кој овозможува брзи промени на производи без незгоди
  • Избор на програма за автоматски режим на миење
  • 100% доверлива контрола на квалитет на поединечни возила
  • Сензори со RFID ознака детектираат ниво на влага кое е акумулирано на производот откако минал низ комора за наводнување
  • Снимени податоци кои се складираат во MES со цел анализа и оптимизација на производен процес
  • Дополнително, RFID ознака која има вграден температурен сензор така што RFID читачката глава бесконтактно ги чита неговите податоци

Прочитајте најновите вести за индустријата 4.0

Претплатете се на нашиот весник!

Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.