Доверлив и исплатлив Cognex сензор
Cognex In-Sight 2000 серијата на сензори за машински вид, т.е за проверка на слика, се всушност индустриски сензори со вградена камера, процесор, осветлување, и оптика. Тие се идеална комбинација од моќен In-Sight систем и едноставен индустриски сензор за решение на Вашите предизвици за детекција на грешки.
Моќен и модуларен
Новата In-Sight 2000 серија комбинира моќна In-Sight софтверски развојна околина со едноставна и исплатлива камера.
Благодарение на одличната комбинација од тестирани In-Sight софтверски алатки/алгоритми и нов модуларен дизајн, конфигурацијата на сензорот е брза и лесна. In-Sight Explorer EasyBuilder интерфејсот кој нуди брзо чекор-по-чекор програмирање, овозможува неискусни корисници да ја користат In-Sight 2000 серијата за доверливи индустриски апликации за автоматика.
Флексибилна инсталација
Модуларниот дизајн овозможува брза замена на колор осветлување, леќи, и конектори за инсталација. Опција за конектори во права и аголна верзија без помошни додатоци.
Тоа гарантира максимално флексибилна инсталација, поедноставно ожичување, и редуцирана потреба за додатни монтажни држачи. Патентираното кружно LED осветлување со висок перформанс може да произведе дифузно осветлување низ цела слика, така што ја елиминира потребата за скапо надворешно осветлување.
Разни апликации
Сите In-Sight 2000 модели се идеални за оптичка контрола на едноставни апликации меѓу кои: проверка за присуство/отсуство, и оптимизација на производна линија.
Изберете помеѓу следните 3 модели:
- In-Sight 2000-110 и In-Sight 2000-120 содржат GOOD / POOR контролни алгоритми
- In-Sight 2000-130 има додадени функции за: позиции, пикселски бројачи, осветлување, контраст, разни мерења и броење
Карактеристики на In-Sight 2000 серија
- Исплатлив сензор со In-Sight Explorer и EasyBuilder софтвер
- Лесна употреба и за искусни и за нови корисници
- Доверливи Cognex софтверски алатки и In-Sight алгоритми
- Едноставен In-Sight Explorer софтвер за основни и напредни решенија за машински вид
- Брза замена на леќи и на осветлување
- Компактен модуларен дизајн
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!