Прифатливи IP67 контролни единици

IP67 контролни единици Ви нудат висок перформанс, робусност, и флексибилност по прифатлива цена.

TTControl контролни единици HY-TTC 50

TTCONTROL контролни единици HY-TTC 50 ќе Ви служат со висок перформанс и флексибилност, а ќе Ве убедат со својата прифатлива цена. Електронското коло на единицата е заштитено од надворешни влијанија со робусно IP67 алуминиумско куќиште.

Тоа значи дека Вие може да ги користите и во најсложени апликации. Како резултат на тоа, може да ги користите и во екстремни услови, т.е таму каде Ви треба доверлива работа при влажност, вибрации, температурни промени, и механички оптоварувања.

Кликнете тука за брошура
TTControl контролни единици HY-TTC 50

Сакате да набавите наши Контролери?

Посетете ја нашата B2B продавница

По мерка на Вашите потреби

IP67 контролни единици HY-TTC-50 апликација

Тие се дизајнирани за да Вие може да го конфигурирате секој пин индивидуално, и да ја нагодите работата по мерка на потребите на Вашата апликација. На пр.: сите излезни пинови може да се конфигурираат како влезови. Може да ја програмирате контролната единица во C програмски јазик и CODESYS развојна околина, и може да комуницирате преку CAN протокол кој е суштински во сите модерни возила.

Поради се поголемиот раст на количина на податоци зачувани и пренесени во модерните возила, производителите започнаа да користат логички подмрежи во поголеми уреди. Во тој контекст, и TTCONTROL ги опреми своите HY-TTC 94 контролери со 4 CAN комуникациски канали.

Бидете подготвени

Најмоќните HY-TTC 94 контролни единици од HY-TTC фамилија Ви нудат и интегрирана функционална безбедност. Покрај главна единица, контролерот има и помошна процесирачка единица која обезбедува подобра контрола врз работата на главната единица и safety критични I/O сигнали.

Во случај на грешка, интегрираниот safety прекинувач го исклучува напојувањето до сите излези и влегува во безбеден режим. HY-TTC94 исполнува барања за PL d ниво, и е во согласност со ISO/EN 13894 стандардот за функционална безбедност.

Контролни единици од HY-TTC фамилија имаат скриен кец во ракавот. Тие се дизајнирани за конфигурација на сите излези како влезови. Ова дефинитивно ќе ја адаптира нивната работа според Вашата апликација, и ќе ја зголеми ефикасноста. Влезовите се достапни како разни pull-up, pull-down варијанти, а аналогните влезови може да бидат дефинирани како отпорнички, потенциометарски, или струјни.

TTControl контролни единици HY-TTC 50

Сакате да дознаете повеќе?

TTControl HY-TTC 50 control unit application

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news